Претседател на Владата на Република од 27 август 2006 година. Идеалот од кој што се раководи во текот на неговиот живот и работење е константна и исклучително посветена работа за доброто и просперитетот на неговата земја.

Никола Груевски
Претседател на ВМРО - ДПМНЕ

Никола Груевски
Претседател на ВМРО - ДПМНЕ

Никола Груевски е роден во Скопје. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор во Шумарскиот факултет на Скопскиот университет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија - Јордан Мијалков.

Министер за финансии на Р. Македонија

По негова иницијатива се интензивира и практично започнува процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990 година. Има имплементирано низа на финансиски реформи меѓу кои: воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, таканаречената кампања "Купувајте Македонски Производи", со која се промовираше купувањето на македонски производи, брендирана преку логото со сонценце со насмевка.

По негова иницијатива се интензивира и практично започнува процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990 година. Има имплементирано низа на финансиски реформи меѓу кои: воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, таканаречената кампања "Купувајте Македонски Производи".

Партиски лидер

После параментарните избори 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Груевски е избран за лидер на партијата, заменувајќи го дотогашниот претседател Љубчо Георгиевски. За време на неговото раководство ВМРО-ДПМНЕ се здобива со статус на набљудувач во Европската народна партија (2007) и во Меѓународната демократска унија (2008) а норвешката конзервативна партија Хојре, на ВМРО ДПМНЕ и ја додели наградата за придонес во унапредувањето на демократијата, човековите права, економските реформи и мирољубивата политика (2009).

После параментарните избори 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Груевски е избран за лидер на партијата, заменувајќи го дотогашниот претседател Љубчо Георгиевски. За време на неговото раководство ВМРО-ДПМНЕ се здобива со статус на набљудувач во Европската народна партија (2007).

Премиер на Владата на Р. Македонија

ВМРО-ДПМНЕ победи на македонските парламентарни избори, 2006 година. На 25 август Груевски ја формираше новата Влада. Во неговата Влада има многу нови лица, во најголем дел луѓе во нивните 30-ти, кои ги зазедоа клучните министерства и други позиции. Тој беше првиот кој вклучи познати македонски иселеници на клучни позиции во неговата нова Влада.

На 1 јуни 2008 година, Коалицијата предводена од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори, што беше нивна втора изборна победа по ред, со што доби повеќе од половина од пратеничките мандати во Собранието на РМ. Тој направи коалиција со Демократската унија за интеграција.

Во периодот на мандатот на премиерот Груевски се постигнаа значајни резултати во економијата, при што во областа на даночната сфера, се воведе концептот на рамен данок, а Македонија стана земја со најниски даноци во Европа.