СДСМ после изборите, очајно се обидува да бара проблеми таму кај што ги нема

Соопштение до јавноста - реакција на прес конференцијата на Васко Ковачевски

СДСМ уште еднаш во обид да извлече ситни дневно политички поени  критикува неосновано и се служи со лаги и манипулации за да дојде до некој ситен политички поен.

Прво, обвинува за нетранспарентност при процесот на набавка на електрична енергија, па самиот се демантира лиферувајќи  веќе  јавно објавени документи од АД ЕЛЕМ.

СДСМ десет години го критикува РЕК Битола и се потсмева со  вработените во комбинатот кои деноноќно работат за да овозможат континуирано производство.

Станува збор за прв застој на ТЕ Битола 3 после речиси половина година со оглед дека овој капацитет во континуитет испорачуваше електрична енергија од август минатата година.

СДСМ треба да знае дека поради временските околности состојбата со снабдувањето и со производството на електрична енергија е значително отежнато во речиси сите земји во регионот и пошироко. Тие фактори директно ја диктираат цената на електричната енергија на берзите во Европа, а не ЕЛЕМ. Но, тоа се политизира само кај нас во Македонија за да се создаде тензија кај народот и со тоа СДСМ да заработи ситни политички поени.

После завчерашниот блам дека се крие набавката на електрична енергија, иако за целата постапка јавноста беше информирана преку прес конференција, како и редовно преку веб страна на АД ЕЛЕМ, СДСМ се обидува да оди чекор подалеку и секој евентуален прекин на електрична енергија на нисконапонска мрежа да го адресира кај  РЕК Битола, како дежурен виновник.

Не е првпат Македонија да ги дополнува потребите поради зголемена потрошувачка особено во зимските месеци, но СДСМ тоа сега се обидува да го скандализира, како што впрочем се обидува да скандализира и се друго.

ЕЛЕМ во изминатите неколку дена успеа да набави електрична енергија по цени пониски од оние според кои во моментов се продава електричната енергија на берзите во Европа. СДСМ после изборите, очајно се обидува да бара проблеми таму кај што ги нема за да го сокрие 10-от јубилеен пораз од народот.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

10 јануари, 2017 - 16:28