СДСМ никогаш не успеа да расчисти со минатото и недемократските методи кои тие и нивните претходници ги правеле

Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ на тема лустрација

Процесот на лустрацијата на јавноста и ја покажа вистината за луѓето што кодошеле други заради личен интерес, напредок во кариера или слично, а некаде и за пари.

За тоа постојат документи кои и се достапни на јавноста и веќе секој може да се увери како одредени ликови доаѓале до своите позиции во минатото со уништување на судбини на други луѓе или цели семејства.

СДСМ како и денес така и во минатото не смогна доблест и храброст да го поздрави овој процес кој сите посткомунистички држави во Европа го направија.

СДСМ никогаш не успеа да расчисти со минатото и недемократските методи кои тие и нивните претходници ги правеле. Но што впрочем да се очекува од партијата чии функционери даваа налози да се водат досиеа за своите политички неистомисленици дури и по независноста на Македонија. Тоа говори за нивниот капацитет и поимање за демократијата.

Сепак  граѓаните денес јасно може да ги видат официјалните документи од тајните служби и соработката која ја имал Божин Павловски и таквите како него, нивната улога во следењето и репресијата која се вршела врз Петре М Андреевски, Гане Тодоровски, Симон Дракул и Љубиша Георгиевски. Голем број на уметници, писатели, актери биле жртви само доколку некој во бифе споменел нешто против системот, веднаш се активирала кодошката структура која на УДБА и дојавувала детали за животот на инкримираните. Последиците потоа по нивните животи ги чувствувале уште многу години.

Ако на СДСМ не им е јасно како функционирало тоа, им препорачуваме конкретнии едиции во кои јасно се опишува како уметноста станувала мета на службите.

Судот на историјата и јавноста е тој кој што СДСМ и нивните истомисленици никогаш нема да може да го оспорат.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

10 јануари, 2017 - 17:36