СДСМ наместо да биде конструктивна опозиција, секојдневно шпекулира со целосни невистини

Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ на тема финансии

Цели 25 години на политичката сцена во Република Македонија, СДСМ не престанува да сее лаги, манипулации и тотални измислици.

СДСМ наместо да биде конструктивна опозиција, секојдневно шпекулира со целосни невистини на штета на државата.

Истакнуваме дека каматата за денешното задолжување, преку издавање на државните хартии од вредност изнесува 2.4%, што претставува најниска каматна стапка која Министерството за Финансии ја добила во последните неколку години. И е пример за успешно менаџирање со државните финансии и водењето финансиска политика.

Државните хартии од вредност, како финансиски инструмент за финансирање на буџетскиот дефицит ги воведе токму СДСМ кога беше на власт.

За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт и управува со државните финансии, секогаш кога СДСМ е на власт домаќинското работење е стран поим, а државните хартии од вредност се издаваат за камати кои се надвор од секаква економска логика и изнесуваат 5 кратно повеќе од сегашните 2.4%, односно истите изнесуваа фантастични 11%.

Токму ваквите и слични манипулации, пропратени со писмата кои СДСМ ги праќаше до странските кредитори, еднаш го одложија издавањето на минатогодишната еврообврзница, за на второ закажаната лицитација, државата како резултат на финансискиот тероризам на СДСМ да плати цели 25 милиони евра повеќе од првично предвидените пари. Пари кои ќе останеа во државната каса, доколку не беше политичко-финансискиот дилетантизам на СДСМ.

Токму недомаќинското управување со државните финансии и раскрчмувањето на државниот капитал се главните причини зошто СДСМ е опозиција веќе 10 години, а ќе остане и наредните 4 години.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

10 јануари, 2017 - 15:56