Заев сонува цела Македонија да стане негова приватна сопственост

Интегрален текст од прес конференција на Жаклина Пешевска 

Почитувани,

Јавноста е повторно сведок како СДСМ ја подразбира пазарната економија таму каде што ја има власта.

Еден човек, една фирма еден бизнис и обрт од 650 000 евра за само две години.

Кога на тоа ќе се надодаде фактот дека фирмата е на Митко Андреевски Претседател на комисијата за енергетика, а парите ги наплаќа од џебовите на струмичани преку Јавното претпријатие Струмица гас, станува јасно што мисли Радмила Шекеринска кога зборува за „бомбона бизнис“.

Најголемото достигнување во кариерата на Митко Андреевски е тоа што човекот се прославил по тоа што за Владо Бучковски, по налог на партијата се јавувал од службен телефон во тогашната А1 Телевизија за да го манипулира јавното мислење. Истото што сега го прави за СДСМ и аболицираниот криминалец Заев. Само што сега, како искусен во областа си регистрирал фирма на адреса на родителите на сопругата и со Заев ги вртат парите на струмичани.

Веќе нема дилеми што планира аболицираниот криминалец Зоран Заев кога сонува дека цела Македонија ќе стане негова приватна сопственост и дека ќе ја гасифицира по урнекот на Струмица. Планира богатење на неговите партиски послушници и милионски бомбона бизниси за неговото семејство. Затоа Струмица има најскап гас, а Куманово се гуши во смог.

Граѓаните на 11 декември гласаа против ваквите криминални политики на Зоран Заев и затоа крајно време е да ја почитува волјата на народот, да се повлече и да дозволи државата да тргне напред.

За криминалот се одговара !

 

 

 

5 јануари, 2017 - 20:03