Константно лажење и криминал е начинот на работа на Зоран Заев

Интегрален текст од прес конференција на Невенка Стаменковска

 

          Почитувани,

Лажгото Заев измислува причини за да избега од судот и од правдата затоа што се плаши. Аболицираниот криминалец Зоран Заев има зошто да се плаши. Секој што сторил криминал мора да одговара.

На лагата и се кратки нозете. Зоран Заев го лажеше судот, го лажеше народот, ја лажеше јавноста, ги лажеше медиумите. Зоран Заев по обичај ги лаже сите без ниту тронка срам.

Денеска на македонската јавност ќе и ги разјасниме релациите помеѓу Зоран Заев и Стојан Витанов, човекот со кој се сретна Заев за да го избегне рочиштето.

Кога институциите на системот поведоа постапка да одговара за кривичното дело поткуп и изнуда на над 200 000 евра, Заев во свој стил почна да бега, да се крие и да лаже.



Замислете, под полна кривична и материјална одговорност само за го избегне судскиот процес тој излажа дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромеро и на тој начин се обиде да го избегне рочиштето. 

Истиот Зоран Заев кој константно ја лаже јавноста, на крајот се испостави дека се сретнал со Стојан Витанов, човек кој не е ниту вработен во италијанската амбасада, туку е ангажиран како коресподент без финансиски надоместок.

Стојан Витанов инаку е близок пријател на Зоран Заев кој е во секојдневна комуникација со него и со кој до сега се сретнал илјадници пати.Но, она што ја интересира јавноста и граѓаните е каква е релацијата на Зоран Заев и Стојан Витанов?

Стојан Витанов е еден од основачите на Младинскиот Совет во Струмица. Од 14 март 2008 година е овластено лице на Младинскиот Совет, а од 21 април 2011 година е Управител на Младинскиот Совет на општина Струмица.

Да потсетиме дека Младинскиот Совет е регистриран лично од Зоран Заев и тоа е оној ист Младински Совет преку кој Кланот Заеви заработи над милион евра под сомнителни трансфери од општински пари.



 

 

          Почитувани,

Ова е начинот на работа на Зоран Заев? Константно лажење и криминал, а потоа одбегнување на одговорноста пред законот. Разговорот меѓу Зоран Заев и неговиот пријател Столе не може и не смее да биде поважен од одговорноста пред законот и институциите.

Јасно е дека Заев е охрабрен од аболиција од Црвенковски за криминалот од 8 милиони евра за Глобал. Затоа Заев продолжува бесрамно да лаже. Аболицираниот криминалец Заев може да бега, ама не може да побегне на правдата. Тој ќе одговара пред судот за изнудата од типот едно евро за Црквата, едно евро за Вицето и тука нема дилема.

Уште еднаш порачуваме, институциите на системот да се одважат и Зоран Заев да ги сноси последиците за неговите криминални дејанија и за неговото лажење. Да се одважат судовите и повеќе да не толерираат притисоци за реизбор на судии кои не се по мерка на Заев и веднаш да ги санкционираат неговите лаги.

 

 

          

5 јануари, 2017 - 20:27