Груевски со поддршка од коалициските партнери

Интегрален текст од изјава за медиуми и одговор на новинарски прашања на Илија Димовски, член на ИК.

Почитувани,

Значи во моментов се одржува средба помеѓу Претседателите и претставниците на сите политички партии кои што се дел од коалицијата „За подобра Македонија“.

Ова е прва средба која што се  случува после одржување на парламентарните избори, после нивно целосно затворање и завршување како процес, а практично во очи на започнувањето на преговорите за формирање на нова Влада во Република Македонија. 

Главна тема е анализата на изборните резултати, односно сите претставници на политичките партии ги преточија своите видувања околу ангажманите, околу резултатите и околу сето она што се случува во Република Македонија, на денот на изборите беа различни согледувања потенцирани од страната на претставниците на политичките партии и беа давани различни идеи како од тука натаму треба коалицијата „За подобра Македонија“ да постапува при што беше несомнено потврден и целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која што Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и како мандатар за состав на нова Влада ја има од целокупната коалиција „ За подобра Македонија“.

Прашање: Ги дефиниравте ли насоките со кои ќе отпочнете преговори со ДУИ?

Значи насоките за преговори се составен дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“  доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на Претседателот Груевски, но на денешната средба видливо беше би рекол негодувањето посебно од страна на претставниците на политичките партии коишто ги претставуваат помалите етнички заедници. Значи оваа коалиција на ВМРО-ДПМНЕ малте не, се дел сите политички партии на помалите етнички заедници на турците, на власите, на ромите, на бошњаците, на србите во Македонија. и Имаше видливо негодување во врска со таа платформа и евентуално нели сведувања на целата дискусија на некаков си бинационален дијалог помеѓу етничките заедници.

Прашање: Се знае кога ќе почнат преговорите со ДУИ ?

Па мислам дека ќе добиете прецизна информација , тоа е сепак прашање коешто е прашање на денови. Ќе добиете прецизна информација од прес службата на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно и од прес службите на другите партии околу тоа кога ќе започне. Роковите се јасни така да мислам дека нема ништо спорно околу тоа.

Прашање: Роковите се јасни меѓутоа и да коалицирате со ДУИ сепак тоа ќе биде на стаклени нозе, голем број закони нема да можат ни да поминат во Собранието. Дали  на повидок се нови избори ?

Не би можел никој да збори ова,  затоа ние имаме одговорност спрема граѓаните, сепак најголем број на гласачи му ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  „За подобра Македонија“, повеќе од 450.000. Ние имаме обврска да обезбедиме стабилност и функционирање на институциите и ќе се трудиме да го направиме тоа. Во секој случај бројките се јасни и ги знаеме сите околу било какви аритметики за составување на Влади и можноста за Собранието да функционира  комотно како досега, тоа секако нема да биде случајно го имаме сето тоа во предвид и ќе се обидеме доколку сите услови се исполнат да ги задоволуваме потребите на Република Македонија и на граѓаните. Доколку не, апсолутно нели никој не може да се спротивстави на волјата на мнозинството на пратеници или волјата на мнозинството граѓани во Република Македонија.

 

                                                                  Ви благодарам на вниманието

10 јануари, 2017 - 17:31