Аболицираниот Зоран Заев, Струмица ја претвори во семеeн вилает на кланот Заеви

Интегрален текст од прес конференција на Дарко Костовски

Почитувани,

Јавноста е повторно сведок на криминалното владеење на Зоран Заев во Струмица.



Аболицираниот Зоран Заев, Струмица ја претвори во семеeн вилает на кланот Заеви, а граѓаните на Струмица во заложници на неговите криминално-коруптивнo однесување.



Еден човек, една фирма, еден бизнис и обрт од 650.000 евра за само две години. Импресивно и за најголемите криминални организации низ светот.



Заев смислил идеална шема преку неговиот пријател Митко Андреевски како да испумпа милиони од џебовите на граѓаните. Андреевски регистрирал фирма на име на неговата сопруга, Билјана Станголева, во семејна куќа на улица „Атанас Раздолов” во скопската населба Драчево која е во сопственост на нејзините родители Станголеви.



Значи фирма без имот, регистрирана во куќа, со само еден вработен и главен дистрибутер на гас во Струмица и врти милиони секоја година. Ако е и од Заев, многу е.

 



Митко Андреевски, инаку Претседател на комисијата за енергетика во СДСМ, преку фирмата Си-Ен-Џи набавува и им продава гас на струмичани за цена два ипол пати повисока од онаа што ја купува. Ова е класичен пример за грабеж на граѓаните и за ова институциите треба да отворат случај.



Партиската фирма на СДСМ во периодот од 2011-та година до денес од општинската каса има инкасирано над 2.5 милиони евра и тоа преку три тендери за набавка на гас кои се единствено направени за набавка на гас во Општина Струмица.



Имено, Општина Струмица за 1 м3 плаќа 24 денари, додека пак ЕЛЕМ кој набавува гас за греење за скопјани плаќа 13 денари за 1 м3 и тоа е разлика од 11 денари за метар кубен. На овој начин фирмата на СДСМ Си-Ен-Џи инкасирала над 650.000 евра, пари на граѓаните.



Митко Андреевски од партиски активист кое најголемо достигнување му било да работи против сопствениот народ и да манипулира со јавното мислење во емисијата „Чуму” гласајќи во полза на територијалната поделба, притоа праќајќи СМС-пораки од службен телефон во министерството за одбрана и оштетувајќи ја илјадници евра државата, денес станува дел од милионскиот криминален бизнис на кланот Заеви преку кој се испумпуваат парите на струмичани.



Ова е начинот на кој Заев сака да ја гасифицира цела држава, збогатувајќи се на грбот на граѓаните. Ова е „бонбона бизнис” за неговото семејство, додека пак Куманово веќе неколку недели е најзагаден град во Европа.



За криминалот кој Зоран Заев го прави врз сопствениот народ и се богати на грб на граѓаните, тој ќе сноси одговорност и мора да одговара!

 

9 јануари, 2017 - 12:29