Државата ќе се ослободи од заложништвото

Во тек е кампањата за парламентарните избори 2016 година. Ова е период во кој граѓаните ги согледуваат проектите и програмите кои им ги нудат политичките партии за правецот по кој би се движела нашата земја во иднина.

По завршувањето на кампањата, на денот на изборите треба да се донесе одлуката. Треба да се избере политичката опција која низ годините покажала дека знае како да излезе на крај со многу тешки ситуации и да оди напред, да наоѓа решенија, да ја одржува и да ја развива економијата, да ги стимулира граѓаните со разни проекти, да ги зголемува платите и пензиите, да овозможат субвенции, да изгради спортски сали, болници, автопати, училишта, градинки, институции или да се избере политичката опција која постојано прави вештачки кризи, деструкција, немири, протести, бојкоти и слично.

Една од клучните заложби на ВМРО-ДПМНЕ е реализација на проектите кои треба да овозможат воведување на природен гас како нов енергенс и негова употреба во индустријата, малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности, образованието, социјалните дејности, здравствените установи, но и овозможување на негова достапност во секој дом во Република Македонија.

Магистрален гасовод Скопје – Тетово – Гостивар. Со изградба на делницата Скопје – Тетово – Гостивар природниот гас станува достапен за граѓаните на Тетово и Гостивар, како и за индустриски објекти и други населени места во Полошкиот регион. Делницата е со должина од 86 км, а во нејзин составен дел се и мерните станици Тетово и Гостивар. Изградбата е почната, а нејзиното завршување се очекува кон крајот на 2019 година.

Понатаму, предвидени се реконструкции на повеќе регионални патишта како на пример: регионален пат Сарај – Групчин – Тетово; регионален пат Тетово – Пирок – Гостивар; регионален пат Тетово – Попова Шапка, Реконструкција на пат Гостивар – Kичево.

Отпочнато е проектирање за изградба на нов автопат Гостивар – Kичево во должина од 42 километри и проценета вредност од 350 милиони евра.

Нашата програма нуди проекти за реконструкција и изградба на многу локални патишта во сите општини во Изборната единица 6, потоа санација на свлечиштата на патиштата, решавање на проблемите со водоснабдувањето и одведување на отпадните води, уредување на речните корита итн.

Од исклучително значење за овој регион е и Технолошко индустриската развојна зона во Тетово. Тука е ЛЕАР, американска компанија од автомобилската индустрија, производител на седишта, електрични системи и механизми за седишта. По пробното производство во изнајмен постоечки објект во Гостивар од втората половина на 2016 година Леар работи во производствен погон во ТИРЗ Тетово. Вкупната планирана инвестиција изнесува 15 милиони евра. Тековно се вработени 450 лица, а планирани се вкупно 2.500 вработувања.

Во делот на инвестирањето во здравството тука е предвидена набавка на нова најсовремена медицинска опрема за болниците во Тетово, Гостивар и Дебар како и Здравствените домови во Тетово, Гостивар, Маврово Ростуше и Дебар. Исто така предвидена е набавка на опрема во Специјалната болница за белодробни заболувања Лешок.

Во насока на континуирано решавање на проблемот со децениската запуштеност во сферата на згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, планирано е да се изградат и опремат повеќе детски градинки на територијата на 6-тата изборна единица.

Во изминатиот период отворивме нови и реконструиравме училишта во многу општини. Затоа и во следниот период ќе продолжиме интензивно со изградба и реконструкција на основните и средни училишта во сите градови и општини.

Предвидено е изградба на спортски сали, кошаркарски игралишта , скејт паркови, тениски терени.

Во насока на проектот „Изградба на 100 повеќенаменски маалски игралишта“ предвидено е изградба на повеќе повеќенаменски игралишта во сите општини.

Изградба на културно-образовен центар во Тетово со нов театар и библиотека, комплетна конзервација, реставрација, реконструкција и рехабилитација на конакот во Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј“ – Тетово.

Предвидено е изградба на спортски сали, кошаркарски игралишта , скејт паркови, тениски терени, градинки, градење и целосна реконструкција училишта во сите општини.

Има уште многу проекти кои може да се напишат но за жал просторот кој го имам е мал за да можам се да искажам и образложам.

Има толку многу работи кои се предвидени и за кои е направена сеопфатна анализа. Проекти има за секој град и за секое село. Има буквално за секоја педа од нашата земја.

Треба и мора да се расчисти кризата и да се продолжи понатаму. Треба да се состави Влада која ќе ги нормализира состојбите и ќе го продолжи патот понатаму. Треба Влада која ќе продолжи со проектите кои се од корист на сите граѓани. Никогаш не сме кажувале дека сме најдобри, дека немаме грешки и дека се што е направено е совршено.

Се што сме ветиле било реално и било остварено. Некогаш некои проекти биле завршени и предвреме, некогаш и со минимално задоцнување, некогаш се реализира и тоа што не е напишано во програмите но никогаш не е дадено празно и лажно ветување кое однапред се знае дека нема да се реализира и дека е практично неизводливо. Никогаш нема да се додворуваме на граѓаните со работи кои нема да можеме да ги оствариме. Ние знаеме дека со истите граѓани сега или во некое идно време повторно ќе се сретнеме и повторно ќе треба да се погледнеме во очи.

Нема да дозволиме кога ќе се видиме да ни кажат дека сме ги излажале и дека не си стоиме на зборот. Таквата пракса знаеме дека со години ја имаа СДСМ. Нивната пуста желба за власт и владеење со државата ги понесува до таа мера што тие паушално и буквално од ракав си искажуваат нереални понуди. Тие и самите знаат дека ниту се остварливи ниту ќе можат да ги реализираат. Затоа години наназад граѓаните својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ. Знаат кој ветува и не исполнува, а кои ветува и исполнува. Народот знае да направи разлика.

Затоа по скоро две години вештачка политичка криза, изборите и тоа како се потребни.

На крајот секогаш народот е тој што гледа, согледува и одлучува. Народот треба да го каже својот став преку избирачкото ливче и да го довери мандатот за следните 4 години.

Само така ќе се надмине кризата, а состојбите ќе се нормализираат. Државата ќе може да се врати на својот пат, да ја стабилизира економијата и постепено да расте животниот стандард.

Државата и граѓаните не може и не смеат да бидат заложници.

Влатко ЃОРЧЕВ

27 ноември, 2016 - 11:58