Целта е невработеноста да падне под 18 отсто

Веќе сме на половина од изборната кампања на која главен фокус се програмите, мерките, проектите и ветувањата кои политичарите им ги даваат на граѓаните. На македонската политичка сцена од една страна имам е политичари и полатичка партија која што ветува се и сешто, нереални и неостварливи мерки и проекти, кои што во минатото многу ветувале, но никогаш ништо немаат остварено и направено ниту една мерка ниту еден проект со кој ќе им се подобри животот на граѓаните.

Од друга стана пак е ВМРО-ДПМНЕ партија која што пред сите избори довербата од граѓаните ја бара со изборна програма во која се наведени конкретни мерки со конкретни рокови за реализација, а на крајот од својот мандат го презентира отчетот за сработеното.

Со ова граѓаните на еден транспарентен и лесен начин може да видат кој што работи, за што се заложува и што има остварено од своите ветувања. На овој начин граѓаните можат многу лесно да одлучат за кого ќе го дадат својот глас.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која постави нови стандарди во политика во Македонија, стандарди кои очигледно не можат да ги следат останатите партии. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори довербата од граѓаните ќе ја бара со најобемната програма досега во која на повеќе од 500 страници се наведени проекти кои ќе бидат реализирани и со кои ќе им се подобри животот на граѓаните.

Постигнавме многу во овие 10 години, ја намаливме невработеноста, постојано имавме меѓу најголемиот раст на БДП во Европа, Македонија стана една од најдобрите бизнис-дестинации во светот, успешно ги пребродевме економските кризи, изградивме многу патишта, автопати, училишта, болници, игралишта, направивме многу, но не застануваме тука ќе продолжиме.

Во фокусот како главен приоритет и во новата програма „Реално“ и понатаму останува намалувањето на невработеноста и економијата. Стапката на невработеност значително се намали од претходните во време на СДСМ- 38,7 отсто на рекордно најниската стапка на невработеност во Република Македонија од 24 проценти во 2016 година. Во овој период се отворија над 160.000 нови работни места.

Нашата цел е до крајот на 2020 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 18 отсто, што е остварливо доколку нема нови кризи во европската и во светската економија. Тоа значи дека во следните четири години во Република Македонија ќе се креираат околу 70.000 нови работни места.

Ова ќе го направиме преку мерките и проектите кои ги планираме во новата програма, како и привлекувањето на странски директни инвестиции. Планираме да го спроведеме проектот „Рестартирање на стопанските капацитети – жртви на транзицијата“.

Целта на овој проект е преку Законот за контрола на државната помош да им се овозможи на идните купувачи на имотот од друштвата да ги рестартираат или да го стават во некаква функција за вршење стопанска дејност. Предвидено е на идните инвеститори по стекнување на сопственост на имотот од друштвата да им се понуди државна помош со цел креирање поголем број работни места, со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени стечајците.

Ќе овозможиме развој на руралните средини преку проектот „Рурални развојни зони“. Со проектот се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица што сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја во Република Македонија опфатени со овој проект.

Продолжуваме со релизација на проектот „Kупи куќа за млади“, со што младите ќе го решат најважното животно прашање да си обезбедат сопствен дом.

Проектот започна со реализација во 2016 година кога беа усвоени дополнувањата на Законот за субвенциониран станбен кредит, при што досега се одобрени над педесет субвенционирани кредити за млади лица за изградба на нови куќи низ Македонија. Во следниот период ќе продолжи реализацијата на проектот „Kупи куќа за млади“, со кој им се овозможува да се стекнат со сопствен дом на младите лица до и со наполнети 35 години преку субвенционирање на отплатата на станбен кредит. Младите можат да изберат еден од двата модела за добивање на неповратни средства за изградба или купување нова куќа или надградба/доградба на постојна куќа:

Предвидуваме проекти за сите категории на граѓани во сите населени места вклучително и во Изборната единица 6.

Ќе започне изградба на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар со што природниот гас станува достапен за граѓаните на Тетово и Гостивар, како и за индустриските објекти и други населени места во Полошкиот регион. Делницата е со должина од 86 километри и ќе биде придобивка за сите граѓани.

Исто така предвидуваме и реконструкција на повеќе регионални патишта како на пример на регионалниот пат Сарај-Групчин-Тетово, регионалниот пат Тетово-Пирок-Гостивар, регионалниот пат Тетово-Попова Шапка и реконструкција на патот Гостивар – Kичево.

Почнато е проектирање за изградба на нов автопат Гостивар – Kичево во должина од 42 километра и проценета вредност од 350 милиони евра.

Од исклучително значење за овој регион е и Технолошко индустриската развојна зона во Тетово. Тука е ЛЕАР, американска компанија од автомобилската индустрија, производител на седишта, електрични системи и механизми за седишта. По пробното производство во изнајмен постоечки објект во Гостивар од втората половина на 2016 година Леар работи во производствен погон во ТИРЗ Тетово. Вкупната планирана инвестиција изнесува 15 милиони евра. Тековно се вработени повеќе од 500 лица, а планирани се вкупно 2.500 вработувања. Ова значително ќе придонесе за намалување на невработеноста во овој регион.

Планираме и големи инвестиции во здравството. Во делот на инвестирањето во здравството тука е предвидена набавка на нова најсовремена медицинска опрема за болниците во Тетово, Гостивар и Дебар, како и здравствените домови во Тетово, Гостивар, Маврово Ростуше и Дебар. Исто така, предвидена е набавка на опрема во специјалната болница за белодробни заболувања „Лешок“.

Ова се само мал дел од проектите кои се содржани во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата „За подобра Македонија“ . Ова претставува вистинска грижа за Македонија и нејзините граѓани. Вака се сака Македонија.

Граѓаните на Република Македонија во овие 25 години независност поминаа и надминаа многу предизвици и сценарија тие знаат да проценат што е добро, а што не е добро за државата. Токму затоа и на овие избори ќе изберат дела, проекти и мерки наспроти деструкција и црни планови како федерализација и двојазичност.

Овие избори ќе значат крај за кариерите на најдеструктивната генерација на политичари во Република Македонија кои директно работеа против македонскиот народ, државата и државните интереси.

Влатко ЃОРЧЕВ

3 декември, 2016 - 11:59