ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА - ДАРКО МИТЕВСКИ

ПРАВИМЕ МОДЕРНА ЕВРОПСКА ОПШТИНА

За тоа како тече развојот на Македонска Каменица, реализираните проекти и планови за оваа година, во интервју говори градоначалникот Дарко Митевски, кој за периодот од стапувањето на функцијата градоначалник на Општина Македонска Каменица (во 2009 година) до денес, реализираш е стотици проекти, со што и целосно е променет ликот на градот.

"Нашата мала рударска општина во континуитет е со силна градежна експанзија", вели тој и додава: "Веќе станавме модерна европска оп- штина, а низата капитални проекти кои ги реализиравме се гордост на секој каменичанец. Особено ни е драго што денес Македонска Каменица има преубав градски плоштад, модерен покриен градски пазар, нова водоводна мрежа, спортска сала, ново повеќенаменско игралиште, нова градска капела, реконструиран манастирско- туристички комплекс 'Еленец' во село Цера, нов противпожарен дом, асфалтирани улици и многу локални патишта во руралните средини. Покрај ова, бевме посветени на унапредување и воведување на нови програми во областите на образованието, културата, социјалната и здравствената заштита, спортот, на туризмот и заштитата на животната средина. Јас, а и целата локална администрација сме убедени дека Општина Македонска Каменица има светла иднина".

За тоа колку беше успеш- на измината година и на што работеше Општината, тој вели":

"Градежната офанзива, која беше белег на нашето досегаш но работење, продолжи и во 2016 година и, гледано од сегашен аспект, веројатно, тоа е една од најуспешните години за Општина Македонска Каменица. Целосно го реконструиравме Домот на култура, и сега имаме еден супермодерен објект, изградени се нови тениски терени, во завршна фаза е изградбата на Куќа на спортот, а особено сме горди на изградбата на нов дневен центар за лица со посебни потреби. Ги реконструиравме и просториите на градскиот базен, и веќе идната летна сезона очекуваме зголемен број на посетители.

Значајна е и изградбата на новите улици во централното градско подрачје, со што речиси 90 проценти од Македонска Каменица се инфраструктурно уредени. Работевме и на локален пат во село Косевица, а изградени се и уш- те неколку локални патишта во другите рурални средини, а Македонска Каменица станува лидер во државата по асфалтирани улици и патишта по број на жители".

И во Новата 2017 година, вели Митевски "влеговме со големи амбиции, значајни проекти кои дополнително треба да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во нашата општина.

Капитална инвестиција за 2017 година, која веќе влезе во почетна фаза, е изградбата на нова атмосферска канализација во централното градско подрачје и изградба на нова фекална канализација во делот од Општината, т.н. Стара Каменица. Вредноста на овој проект е околу 16 милиони денари и ќе биде завршен годинава. Ќе бидат изградени и локалните патишта во Меч- карска и Сарафска маала во село Саса, во Перчачка маала во село Моштица, како и некои локални патишта во селата Дулица и Цера. Подготвуваме документација за уште неколку улици и локални патишта, а се подготвуваат и апликациите за неколку државни и меѓународни финансиски организации, од каде што очекуваме да добиеме средства за реализација на уште неколку проекти".

Градоначалникот вели дека Општината спроведува многу мерки и програми од областа на социјалната заштита.

За тоа кои програми се спроведуваат и што се планира како новина Митевски кажува:
"По завршувањето на најзначајните инфраструктурни проекти, се насочивме кон низа социјални програми. Ние сме една од првите општини која доделува еднократна парична помош за новородено дете, и тој надомест неколкупати го зголемуваме.
Доделуваме еднократна парична помош за лица со тешки заболувања, за лица погодени од елементарни непогоди, како и за лица од социјално ранливи категории. Веќе го споменавме нашиот најголем проект во оваа област - изградбата на нов дневен центар за лица со посебни потреби, а изградивме и нов дом за стари лица во селото Саса.
Во партнерство со рудникот 'Саса' доделуваме социјални пакети за ранливи категории граѓани, новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка и во основното оп- штинско училиште, а преку невладиниот сектор, поддржуваме и екскурзии за ранливите категории граѓани.

Новитет е што стануваме прва општина во државата, по градот Скопје, која за сите пензионери обезбеди бесплатен јавен превоз, кој ќе може да го користат и лица што припаѓ аат на социјално загрозени групи граѓани. За таа цел набавивме две нови комби возила, кои покрај оваа намена, ќе може да ги користат и останатите општински институции, установи и претпријатија".

Околу напредокот на Општината во образованието, културата, во спортот Митевски вели дека веќе неколку години се доделуваат стипендии за најдобрите ученици и студенти, воведен е систем за наградување на учениците и нивните ментори кои ќе постигнат значајни резултати на државни и интернационални натпревари, се субвенционираат курсеви за настава по физичко воспитување и странски јазици за дечињата од предучилишна возраст.

"Сите овие мерки и активности се со цел мотивирање на учениците за постигнување позначајни резултати и за достојно претставување на нашата општина. Понатаму, Македонска Каменица станува препознатлива, не само во др- жавата туку и во регионот, по низа културни настани и манифестации. Бевме домаќини на некои од најголемите балкански музички ѕвезди, кои настапуваат во рамки на манифестацијата 'Каменичко културно лето'.
Заедно со локалното здружение на пензионери, создадовме уште еден препознатлив бренд - манифестацијата 'Бабина баница'. Кај нас гостуваа најдобрите македонски театри, а сега, со реконструкцијата на Домот на културата, бројот и квалитетот на културни настани значително ќе се зголеми. 
Финансиравме и многу други културни настани, фестивали, а преку одлуки на Советот на ЕЛС Македонска Каменица, поддржани се сите што работеле на ова поле и што придонеле за културна промоција на Општината".
Во областа на спортот, продолжува градоначалникот, "наш приоритет е влез на Фудбалскиот клуб 'Каменица-Саса' во втората македонска фудбалска лига, и од таа при- чина неколкупати ја зголемуваме финансиската поддршка за клубот. Горди сме и на успесите на кошаркарскиот клуб 'Баскет Кам', а финансиска поддршка добиваат и останатите локални спортски клубови. 
По завршувањето со изградба на Куќата на спортот, спортските работници од на- шиот град ќе добијат модерен и репрезентативен објект, кој ќе биде уште едно обележје на Македонска Каменица. Млади луѓе напуштаат сигурни работни места во администрација, како и добро платени позиции во приватниот сектор, и заминуваат во странство.
Евидентно е дека младите не се селат само од економски причини, зашто напуштаат работни позиции кои им нудат сигурна егзистенција туку и од образовни причини, во потрага по подобра самореализација, заради постигнување поголеми лични и професионални успеси и слично. Ние и во иднина ќе продолжиме со градењето на просперитетна општина, отворање нови работни места и севкупно подобрување на квалитетот на живот, од причина што веруваме дека на нашата општина  претстои светла иднина“.

За другите активности Митевски вели: "Препознатливи сме и како општина која силно го поддржува невладиниот сектор, активно вклучени и го помагаме функционирањето на ловното и риболовното друштво, на различни здруженија на граѓани кои работат на туристичка и културна промоција, како и на организации кои спроведуваат хуманитарни активности или, пак, работат во областа на социјалната заштита и социјалната превенција, како и на здруженија чија дејност е заш- титата на животната средина".

18 јануари, 2017 - 15:15