Франгов:

Исполнувањето на ветеното е нашиот влог за идните генерации

Сите реализирани проекти изминатата  години значат  подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани од општина Гевгелија. Тоа е нашиот влог за идните генерации.

  • Градоначалнику,  колку сте задоволни од исполнувањето на сето она што им го ветивте на вашите сограѓани  во 2016?         

На крајот од 2016 година, Гевгелија е посакувана дестинација за живеење. Како за неговите жители, така и за сите граѓани од земјата или соседството одлучуваат да живеат.

Тоа е резултат секако и на создадените услови за подобар живот и поволна бизнис клима.Бројот на невработените во општината е намален на само 582 лица или на 4,59%, што е најниска стапка на невработеност во земјата.

Во поглед на исполнувањето на сето она што беше ветено задоволен сум имајки ги во предвид условите во кои работевме. светска економска криза, политичка криза вонредни избори итн. И во такви услови се реализираа многу проекти за кои не се ни помислувало да се отпочнат порано и без да се зголеми ниту една давачка за граѓаните а се реализира основен буџет двапати поголем од најдобрата економска година 2008-ма, година  пред почетокот на кризата.

  • Колку внимававте Гевгелија и населените места рамномерно да бидат застапена во изработувањето и донесувањето на урбанистичките планови ?

Кога стапив на функцијата градоначалник една од главните задачи ми беше да спроведеме кампања за урбанизација. Досега донесовме многу урбанистички планови, измена и дополнување на ГУП, детални урбанистички планови донесовме  над 30, урбанистички планови вон населено место, ЛУПД над 50, планови за села , а  се работи интензивно и сега затоа што урбанизацијата пред моето доаѓање за градоначалник  беше затаила. Во моментот се почнати постапки за урбанизација на сите села со донесување на урбанистички планови и општи акти со цел да можеме на граѓаните да им излеземе во пресрет за нивните барања за градење. Впрочем и самото тоа што Гевгелија има над 500 државни градежни парцели за изградба на куќи кажува дека се работело многу на оваа проблематика. Мора да се спомне дека се урбанизира насекаде без разлика дали е тоа приватно или државно земјиште. На крајот од 2016 година сумираме дека годинава во општина Гевгелија биле продадени 21 градежна парцела за изградба на нови станбени објекти и 5 градежни парцели за стопански капацитети.

Исто така, биле издадени 69 одобренија за градба.

  • Велите често во интервјуата дека речиси нема населено место, маалска средина, регион од општината во кој немате вложено буџетски средства во изминатиот период. Како го отсликувате инфраструктурното уредување на Гевгелија во 2016  кога станува збор за изградба на нова патната инфраструктура, изградбата на канализациона и водоводна мрежа, пешачки патеки, тротоари, уредување на излетнички места ...?

Општина Гевгелија постојано вложува во инфраструктура и во градење и во одржување на истата. Тоа може да се види и секоја година при разгледување на реализацијата на најголемите програми за реализација на буџетот за уредување на градежно земјиште и изградба и реконструкција на улици и локални патишта. Најголем дел од основниот буџет оди токму за таа намена. Максимално ги искористуваме и грантовите кои се добиваат за прекугранична соработка од ИПА фондовите, како и грантовите за локални патишта и водоводи и канализации за руралните подрачја кои ги обезбедува владата на Република Македонија. На крајот од годината можеме да констатираме дека инфраструктурната слика за општината е значително подобрена.

Годинава се изградени скоро 4 километри нови улици, обновен е асфалтот на над 8.300 метри квадратни улична површина, бетонирани се 4.000 метри квадратни улични краци и тротоари и со павер елементи се покриени 9.000 метри квадратни тротоари и патеки.

Во завршна фаза е изградбата на примарната и секундарната сообраќајна мрежа на клучката кај мултинаменскиот комплекс „Милци“.

За подобрување на патната инфраструктура во општината од општинскиот буџет беа издвоени 108.472.023 денари.

За изградба на нови канализациони линии во Моин и Давидово, за нови атмосферски канализации, како и за чистење на речните корита се вложени 22.827.621 денар.

Заврши изградбата на уште 1090 метри од одводниот канал Рауљ - проект финансиран од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Грција.

Додека пак во завршна фаза е изградбата на Пречистителната станица кај Вардар, што е само уште една потврда дека општина Гевгелија прави голем чекор за унапредување на пограничниот регион во чиста еколошка средина.

По извршената реконструкција на бунарот со вода за пиење кај Вардар и замената на пумпната станица ќе се обезбедат двојно поголеми количества вода за пиење.

Во тек е уредувањето на излетничкото место Смрдлива Вода со заеднички средства на Југоисточен плански регион со средствата за регионален развој и општина Гевгелија, а наредната година се обезбедени средства од ИПА фондови за прекугранична соработка со Бугарија за уредување на Динќут како место за излет и рекреација. Има уште да се работи и не застануваме тука.

  • Добрите услови за работа овозможуваат поквалитетна грижа за децата, поквалитетна настава, можност за постигнување на повисоки резултати. Градоначалник колку е до сега вложено во образованието и кои се идните планови?

Во моето работење настојував секојдневно да се подобруваат условите во училиштата и во предшколските установи. Мора да истакнам дека и директорите максимално се ангажираа за ова и со нивните заштеди кои ги направија со домаќинско работење а и со значајни средства од буџетот на општината и во соработка и со министерството за образование, во сите училишта во општината се направија зафати за подобрување на условите за учење и за работа. За згрижување на децата од предучилишно образование годинава беа издвоени 9.547.000 денари, и тоа, за реконструкција на покривот и фасадирање на детските градинки „Детска радост“ и „Сончогледи“, а распишан е тендер за изградба на нова детска градинка во Прдејци.

Во сите основни училишта реализирани се повеќе проекти за подобрување на условите за настава, додека пак во Миравци е изградена и ставена во употреба нова училишна спортска сала.

Тука нема да застанеме, предвидено е веќе за следната година и нови проекти.

Колку сте задоволни од вложувањето воспортот, со оглед на фактот што Гевгелија одсекогаш била град сосилни спортски клубови?

Општина Гевгелија издвојува значајни средства за подршкана спортот., околу 8,000,000 денари. Финансиски ги подржуваме сите спортски клубови и манифестации,нормално, зависнои од рангот во кои тие сенатпреваруваат. Кошаркарите се во супер и БИБЛ лигата, фудбалскиот клуб Кожуф полека се враќа на старите добри патеки, од оваа година го вративмеи ракометот на спортската сцена во Гевгелија, постојат тениски клубови, аголемо внимание посветуваме на училишниот спорт кој преку организирање на меѓуучилишни натпревари во повеќе спортови треба да стане расадник на спортски таленти.

  • На крајот, што се планира да се работи во 2017 година?

Советот на општина Гевгелија на последната минатогодишна седница го усвои досега најголемиот Буџет на општината, во износ на 862.526.109 денари или 14 милиони евра.

Во приходите на буџетот за идната година влегува и кредитот од Светска банка, во износ од 84 милиони денари, за изградба на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија.

Капиталните расходи учествуваат со 55,8% во вкупниот буџет, односно со 64,81% во основниот буџет со што се задржува неговата развојна компонента. Најголемите ставки од општинскиот буџет во оваа година ќе бидат наменети за реализација на капиталните зафати. А, тоа значи дека ќе се соочиме со нови предизвици, но и решеноста да продолжиме со примената на европски стандарди на живеење и работење.Во новата 2017 година пред нас стојат значајни предизвици и проекти, кои треба да обезбедат уште поквалитетни услови за живот и стопанисување во општината.

Потпишан е договорот за изградба на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија со АД„Хидрострој“ од Софија, во вредност од 105 милиони денари, кои средства се обезбедени преку подзаем од Светската банка и грант од Европската инвестициона банка.

Издадено е одобрение за градба на Конска брана, така што наскоро се очекува изведувачот на овој капитален зафат – турската компанија „Адилхолдинг“ да стартува со изградбата.

На почетокот од годината се очекува предавање во употреба на Пречистителната станица кај Вардар.

А, во завршна фаза е изградбата на Градскиот пазар, така што годинава очекуваме и негово отворање.

Светска банка го одобри проектот за доградба на нови 14 училници во Средно-училишниот центар „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, со што ќе се обезбедат услови за едносменска настава и заштеда на енергија.

Оваа година ни претстои разрешување на уште еден горлив проблем – складирање и дистрибуција на комунален отпад, за која цел добивме поддршка од УНДП и финансиски грант од Јапонската влада за изградба на Времена мини депонија.Тоа значи дека ни претстои реализација на повеќе капитални зафати, за кои веќе се обезбедени финансиските средства и по окончување на тендерските постапки ќе следи и нивно отпочнување.

18 јануари, 2017 - 14:10