Интегрален текст од обраќање на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од обраќање на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

СЕ СЕЌАВАТЕ КАКО ВИКАА НАШИТЕ КОШАРКАРИ И РАКОМЕТАРИ?

ЗА КОГООО!?!?!

ЗА МАКЕДОНИЈА !!!

За Македонија која оди напред.

Сакам да ве прашам едно важно прашање денес, без многу да кружиме, без да го симнуваме нивото на напади кон противникот, само ќе прашам употребувајќи ја изјавата на кандидатот за Премиер на СДСМ господинот Зоран Заев – Дали македонскиот народ е грдото лице на Македонија!?!?

Дали ваков човек може да биде Премиер на оваа земја, дали ваков човек заслужува да ја добие довербата на нашите граѓани?

Драги мои сопартијци, почитувани пријатели,

Денес стоиме тука на презентацијата на кандидатите на претставувањето на кандидатите за пратеници, после оној ден во 2014-та година кога славевме победа со огромна разлика против опозицијата, после две години на тешка, сериозна криза, состојба на поделеност и конфликтност, состојба која не разори како држава, имаше за цел да ни го скрши духот.

После безброј манипулации дека има 500 илјади фантоми за да излезе дека ги нема, после куп лаги и подметнувања против нас кои се потврдија за неточни, после протестите на 5-ти мај, минатата година кога брутално ја напаѓаа и повредуваа полицијата, после настаните во Диво Насеље кога лажеа дека е убиено мало невино девојче, после запрени терористички акции на терористите во Диво Насеље, кои имаа за цел да нападнат и кренат во воздух трговски центри и јавни објекти низ Македонија, а некој утредента се сликаше на истото место со двата прста и уште насмеан до уши, после напади и фарбање на цел главен град и се што се изгради изминатиов период, институции, споменици на македонските херои како да се срамат од нив, и повторно напади на полицајци со што ќе стигнат, со боја, со молотови коктели, со шипки, потоа, после директни закани по живот за мене и моите најблиски, после пресретнатите долго подготвувани акции на цело со Чаушот кој нели дури прво не го познаваа и слично, после хајката од на Специјалното Јавно Обвинителство за кое на секого му е јасно дека одработува за некого и има исклучително политичка цел, после низа лаги за тоа кој прислушкувал и колку прислушкувани материјали постојат, после прогласувањето на фантоми, прво половина милион, па 200 илјади, па 50 илјади, па 20 илјади, после сериозни природни непогоди, поплави кои сакаа политички да ги злоупотребат.

После сите овие и многу други нешта што се случија, многумина ме прашуваа сиот овој изминат период како го издржа сето ова на нозе?

Секако тука неодминлив дел беа и констатациите на Заев дека паднале 93 литри во секунда дожд, значи замислете по еден поголем аквариум секоја секунда да паѓа на глава, дека за изборите на 11-ти декември ќе сме се договарале до 31-ви декември, или она дека од изборна единица од 311 илјади гласа, морало да се проверат 526 илјади гласа, или дека ќе ја зајакнувал културата со поетски читања, или па она дека химната која била интонирана на почетокот на првото заседание на АСНОМ се викала „Изгреј сонце на свободата“, а не Изгреј зора на Свободата. И слични изјави на лидерот на опозицијата кои исто така треба да се издржат,посебно.

Но, шегата на страна, одговорот не е воопшто едноставен, не беше лесно.

Лични навреди, тешки клевети, омаловажувања, цел платен арсенал политичко оружје и армија од луѓе насочени кон мене и моја дисквалификација, силно помогнати од еден познат филантроп. Оцрнување и понижување, брутални закани до мене и до моето семејство, оркестрирани од една група на луѓе, а потпомогнати од секакви туѓи структури кои имаат свој интерес во целата оваа ситуација.

Кога ќе се сетам наназад низ што се поминавме заедно со вас, како некогаш неизвесноста ни стоеше над глава, како ги слушавме оние деструктивци од опозицијата како се силат наоколу до секој граѓанин без разлика дали е наш подржувач или не, се закануваат, со гнев и омраза поттикнуваат напади по улици, кршења, палења, сквернавења на објекти, нарачуваа лични линчови, навистина човек да се запраша како издржавме до тука.

И кога ќе се обидам да најдам еден збор што ќе ја опише нашата цврстина, нашата волја, убеденост, поттик, мотив да истраеме во сиот овој изминат период, тој збор е сепак е тука пред нас. И секој го знае тој збор се вика – НАРОД!

Додека тие манипулираа наоколу со своите сценарија и со платени протестирачи, сега ги нарекуваат во Америка професионални протестанти, кои земаат дебели хонорари да го прават тоа што го прават, и тоа во нашиот случај најчесто странски пари, ние се потпиравме на волјата и на поддршката на мнозинството од народот, кој морам да кажам честопати беше доведуван во недоумица, во дилеми и во сомнежи, изложен на страшната пропаганда и напади кои ги трпевме.

Сакаа да не направат монструми. Но народот го виде тоа. Народот го препозна тоа.

Против Заев и на неговите ментори во Македонија се случи нешто слично како во изборите во САД, ако погледнете има многу сличности во сето ова што и таму се случува.

Против Заев се случи движење на тивкото мнозинство, тоа се мнозинството луѓе кои останаа да не поддржуваат и покрај целата црна кампања против нас, кои не подлегнаа на провокациите да има крв како што замислиле тие, ако се сеќавате добро што им беше планот, туку молчеа, трпеливо и мудро согледуваа и не наседнуваа.

Против Заев се случи НАРОД!

Тој народ на овие избори ќе донесе огромна победа за нашата коалиција, и ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Ако порано било потешко, во Илинденско или Партизанско време, овој пат тоа ќе се направи со пенкалото на изборниот ден.

Народот ќе им го даде својот одговор на сите оние кои го потценуваа.

Со вокабуларот на Заев јас ќе кажам, СЕГА МУ Е МАЈКАТА да биде поразен Заев и се она што тој и го направи на Македонија во изминатиот период. СЕГА МУ Е МАЈКАТА !!!

Овие избори ќе бидат поразлични и по една друга работа, јас ќе бидам во 4-тата изборна единица. Едноставно, дојде време Заев откако не се кандидираше на листите во 2014-та, и откако како кандидат за премиер не дојде да се кандидира во ИЕ 1 во главниот град на државата, каде што традиционално јас се кандидирам, јас да отидам во ИЕ која тој ја избра. После се што се случи, потребно е да му се даде можност на народот да одлучи за премиер меѓу мене и него, и на целата територија во Македонија, но и во 4-тата ИЕ. Каде лично и двајцата како индивидуи ќе ја побараме поддршката на граѓаните. Време е заедно со народот, да го соочам со реалноста и да го победам, поточно заедно со народот да го победиме и да претрпи директен пораз во изборна единица која тој самиот ја избра, и каде најверојатно се чуствува најкомотен, и во градот каде е градоначалник, да види на свој терен, во својата околина што мисли народот за него, да види што мисли народот за сите негови лаги кои ги искажа за мене, а не да ми пушта во изборната единица 1, луѓе кои ги мести да изгубат од мене, за да не му бидат конкуренција после изборите во трката за избор на иден претседател на СДСМ. Да види Заев дали му проаѓаат приказните и манипулациите кои ги конструираше за мене, и да види што за него мислат не само од цела Македонија, туку и од регионот во кој тој живее.

Да види дека никој не му се плаши туку напротив, ако тој се уплаши и избега, како што беше ред да дојде ако е кандидат за премиер да се соочиме двајцата пред граѓаните во единицата, во главниот град, сега јас ќе одам онаму каде што тој одбра дека за него е најдобро да бара поддршка. Така во 4-ката граѓаните освен што ќе избираат директно носители меѓу мене и него, како и во другите ИЕ ќе бираат директно и кандидати и кандидат за Премиер.

Нема да го оставам да земе воздух на терен, и овие избори заради неговиот пораз во 4-ката и во Струмица кој е извесно дека ќе се случи затоа што народот таму најдобро го познава, ќе биде пресуден за неговата политичка кариера. Заедно со мнозинството народ и особено со граѓаните од тој регион не само што ќе покажеме каков е одговорот на овој слободоумен народ кој некој сака на нечесен начин и со надворешна помош да дојде на власт, туку ќе испратиме порака и до многумина други, дека тоа што го наумиле, не може така да помине кај овој народ, кај овие луѓе, кај оваа генерација Македонци.Кај оваа генерација граѓани на Република Македонија.

Во единицата со оглед на нивниот слаб кандидат кој сопствениот народ се дрзна да го нарече стока и кој претрпе историски пораз од Ѓорѓи Иванов, очекуваме резултати исти и подобри од 2014-та, во двојката, во тројката, во четворката, во петката и во шестката слично како во 2014-та ќе бидат силно поразени, и мора сите заедно да стигнеме до посакуваните 63 пратеници, 63 места, гласови во Парламентот, ова е времето. СЕГА МУ Е МАЈКАТА, да биде поразен Заев, и сета негова деструктивност и црни сценарија, но и сите оние заедно кои не ги гледаме и го користат него за параван !!!

Почитувани пријатели,

Тие ќе продолжат со две работи, а ние со една. Звучи многу едноставно. Јас мислам и дека е всушност сосема едноставно како што е едноставен и јасен изборот и одлуките кои треба да се донесат на овие избори.

Во сиот очај и омраза, од една страна ќе се координираат со нивното СЈО за да прави спектакли мислејќи дека нешто ќе добијат од тоа, но се лажат, нашиот народ знае што е што, а од друга страна ќе се обидуваат да пакуваат афери и наводни скандали, преку разни методи, фалсификати и слично, преку вториот дел од фабриката на Чауш, со нивното криминално разузнавачко подземје.

Во исто време Заев ќе оди низ Македонија онака благо поднасмеан и ќе нуди невозможни работи, високи плати, тринаести-четиринаести плати, гасовод по теркот во Струмица и Куманово кој практично и не е гасовод, ќе враќале 15% ДДВ на граѓаните, или по некој проект без никакво објаснување дека семејствата ќе имале поголем буџет, работи кои никогаш не може да ги испорача, без да каже како ќе ги направи, тој никогаш не кажува како ќе ги направи, знаете онака ќе си каже нешто и кој ќе му поверува добро, кој нема да му поверува ќе се обиде со нешто друго да го прелаже, па некаде може ќе упали. Зашто за тој човек зборот нема вредност, и тој многу добро знае дека утре по изборите нема да мора да го исполнува дадениот зборот зошто е свесен дека ќе загуби, се сеќавате на она со на Мирчо Свињарнико и едното евро за вицето, тоа е отприлика концептот на дадениот збор кај него. Тоа е Зоран Заев, и овие 30 дена кога ќе го гледаме, правиот вистинскиот Зоран Заев, насмеан со многу лаги, многу манипулации, со многу лажни ветувања и знае дека ќе загуби па си вика што ќе биде нека биде.

Едната работа која ние ќе ја правиме е презентирање на нашата програма и реална понуда, и она што ние по изборите како Влада реално ќе го направиме.  Тоа е најобемната политичка програма досега, и во неа има прецизно и темелно објаснето што како и во кој рок ќе се прави.

Ние ќе го правиме тоа. Тие нека се занимаваат со деструкција ние ќе кажуваме што ќе создаваме, што градиме, какви мерки ќе преземаме што ќе им го подобри квалитетот на животот на луѓето. Што ќе правиме, што ќе градиме за граѓаните на оваа земја, за нашиот народ, за нашите сограѓани низ целата држава.

На пример, тие ќе пробуваат да ветуваат дека сега му е мајката за редефинирање на Македонија и слично, а ние ќе стоиме зад нашиот даден збор и ќе работиме за нови проекти за граѓаните. Затоа ќе ја продолжиме политиката на ниски даноци и ослободувања од оданочување и намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за повеќе нови категории на производи и услуги при што покрај намалувањето на ДДВ од 18% на 5% за печки и котли за пелети и на пелетите за греење, ќе извршиме намалување на ДДВ од 18% на 5% на ветеринарните лекови, и на услугите на ветеринарните друштва. Ќе има намалување на ДДВ-ето од 18 на 5% и за влез на спортски натпревари, за изнајмување на спортски објекти. Ќе има ослободување од царински давачки и ДДВ за специјални такси возила за превоз на лица со инвалидност и намалување на акциза за „немешани“ биогорива како и ќе извршиме ослободување од плаќање на увозни давачки за државјани на Република Македонија кои живеат во пограничен појас, за производи добиени од нивните имоти. Многу намалувања на даноците и на давачките во Македонија. За граѓаните и компаниите во Македонија. Тие со редефинирање на државата, ние со намалување на даноците.

СДСМ ќе размислуваат како да не закрват, тоа ќе им биде една од сцените како да не закрват. Ние ќе се подготвуваме за во новата Влада работејќи на целосна обнова на возниот парк на Македонски Железници. Кој веќе почнавме да го обновуваме, набавивме голем број на вагони.Во рамките на овој проект се планира да се набават вкупно 5 возови и тоа: 3 нови дизел моторни возови и 2 нови електро-моторни возови за што ќе инвестираме 22,5 милиони евра. За поефикасен транспорт на стока и за поефикасен транспорт на патници, а во рамките на проектот за обнова на возниот парк ќе се набават и три нови електрични локомотиви за што ќе инвестираме дополнителни 7 милиони евра, или вкупно околу 30 нови милиони евра, за нови вагони и локомотиви за Македонските Железници. Тие ќе се борат да не закрпат, а ние се подготвуваме за оваа набавка, којашто целосно ќе го смени возниот парк во Македонски Железници. Сега е сменет делумно, 60-65%, со оваа набавка ќе се смени целосно.

СДСМ ќе се занимава со нереални ветувања, со ветувања на нешта што и самите знаат дека не можат да го исполнат. Ние со она што реално ќе го изградиме и ќе го направиме, па така сакам да објавам дека ќе изградиме нов експресен пат од влезот на Битола до граничниот премин Меџитлија, преку Жабени. Нов експресен пат со четири ленти Битола-Жабени-граница со Грција.  Ќе извршиме целосна модернизација и реконструкција со проширување на двата влеза во Битола. За сето ова ќе инвестираме нови 10 милиони евра, подготовките ќе ги започнеме следната година, градбата веднаш потоа, и ќе заврши некаде до 2019-2020-та година. Тоа е повторно нивни лаги и нереални ветувања, наши добро пресметани, добро обмислени и пресметани инвестиции.

СДСМ и пред се Зоран Заев особено во 4-тата изборна единица ќе се занимаваат со многу критики и манипулации, а ние освен изградбата која веќе ја објавивме, на експресниот пат, четири ленти Штип-Радовиш,  и експресниот пат четири ленти, Градско-Прилеп, кој веќе почна да се гради, и реконструкцијата на автопатската делница односно на автопатот Неготино – Демир Капија, таму каде е најлошиот дел меѓу Неготино и Демир Капија, комплетна реконструкција. Освен овие работи ќе извршиме и обнова на регионалниот пат Струмица – Попчево – Белотино – Рич – Конче, на регионалниот пат Нов Дојран – Фурка, на регионалениот пат Гевгелија – Богданци – Фурка, на регионалниот пат Прилеп– Боротино, на регионалниот пат  Прилеп – Битола како и патот Гевгелија – Смоквица. Ќе ги обновиме и регионалните патишта Струмица – Ново Село, Неготино – Кавадарци  како и Росоман – Кавадарци. Како и повеќе други. Севкупната проценета инвестиција на овие патишта кои што сега ги спомнав е околу 80 милиони евра, само за магистрални и регионални односно експресни патишта само во 4-тата изборна единица. Настрана околните патишта кои што сега не ги спомнав.

Значи, само денеска кажувам 4 нови проекти од нашата програма. Намалување на ДДВ-то од 18 на 5% и низа даночни поволности во повеќе области, целосна обнова на возниот парк на Македонски Железници, односно втората фаза како што првата ја завршивме, сега втората и завршна фаза. Нов експресен пат од Битола до Меџитлија и обнова и реконструкција на влезовите во Битола, како и околу 80 милиони евра во изградба на експресни и регионални патишта за градовите и населените места во 4-та изборна единица. Ќе има уште многу нови вакви. Но ова само за денеска за да направиме споредба помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се тие, тоа сме ние. Тоа е разликата меѓу нас. И народот тоа го следи, го гледа, го препознава и го почитува. И затоа не наградува редовно на изборите. И затоа не им проаѓаат лагите и манипулациите против нас.

Затоа ние сме поразлични од нив и затоа ние имаме поддршката од народот, затоа што народот знае што е подобро за него, знае кој може да направи подобро за него и за нашата заедничка држава. Тој виде дека ние кога ветуваме потоа реализираме, остваруваме, исполнуваме, испорачуваме. Ветеното го испорачуваме. Тоа е одликата на ВМРО-ДПМНЕ и оваа коалиција заедно со нас „За подобра Македонија“.

Затоа драги пријатели, прашањето кое секој треба да си го постави пред својот избор овие денови пред нас е.

Со кого на вас лично, на секој поединец лично во Македонија, со кога на вас лично ќе ви биде подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно и побезбедно, кој држи повеќе до зборот до дадениот збор, кон ветувањето, кој ќе отвори голем број нови работни места во Македонија и ќе овозможи повисоки плати, повисоки пензии, повисока социјална помош, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнете наназад, кој ќе ги штити државните интереси подобро. Заев или јас? СДСМ или ВМРО? Коалицијата „ За подобра Македонија“ или нивната коалиција?

Во суштина ова е едноставен избор и покрај сите сложените околности во кои се прави.

Ова е избор за тебе, ова е избор за Македонија!

За твојата Македонија во која ти веруваш, за независна, самостојна и суверена Македонија!

Да сте здрави и живи!

Одиме на голема победа! Одиме на 63 пратеници!

Спремете ги чевлите, подгответе ги јакните, наоружајте се со аргументи кои никој не може да ги собори, а ги имаме многу, аргументите се на наша страна.

Тргнуваме на овој наш последен дел од патот до Големата победа!!!!

ОВА СЕ ВАЖНИ ИЗБОРИ. ВАЖНИ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА. ВАЖНИ ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН НА ОВАА НАША ДРЖАВА!!!!

ВЕ ПОВИКУВАМ СИТЕ ВАС НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА.

ОД СКОПЈЕ ДО ГЕВГЕЛИЈА, ОД ТЕТОВО ДО КУМАНОВО, ДЕЛЧЕВО, БЕРОВО И ВЕРНИОТ ИСТОК.

ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, СТРУМИЦА, КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, БИТОЛА, ОХРИД, РЕСЕН, СТРУГА, БРОД, СОПИШТЕ, ШТИП, РАДОВИШ, ДЕБАР, ДОЈРАН, НЕГОТИНО, КРИВА ПАЛАНКА, КИЧЕВО, РОСОМАН, ГРАДСКО, КОЧАНИ, ВЕВЧАНИ, ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, ДЕМИР КАПИЈА, ДЕМИР ХИСАР.

ОД ЕДИНИЦАТА, ОД ДВОЈКАТА, ОД ТРОЈКАТА, ОД ЧЕТВОРКАТА, ОД ПЕТКАТА И ОД ШЕСКАТА, ОД СЕДМИЦАТА, ОД НАШАТА ДИЈАСПОРА.

СТАНЕТЕ БРАЌА И СЕСТРИ,СТАНЕТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА,СТАНЕТЕ ГРАЃАНИ НА ОВАА ЗЕМЈА, СТАНЕТЕ МАКЕДОНЦИ, АЛБАНЦИИ, ТУРЦИ, СРБИ, РОМИ, ВЛАСИ, БОШЊАЦИ И СИТЕ ОСТАНАТИ, СЕГА МУ Е МАЈКАТА. СЕГА МУ Е МАЈКАТА.

ДА ПОКАЖЕМЕ ШТО Е МАКЕДОНИЈА! ДА НАПРАВИМЕ ДА СЕ ГОРДЕАТ НАШИТЕ ПОКОЛЕНИЈА СО НАС И СО НАШАТА УЛОГА ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШАТА ДРЖАВА.

И КОГА ЕДЕН ДЕН ЌЕ СЕ ЗАВРТИМЕ НАЗАД ДА КАЖЕМЕ СЛОБОДНО И ГОРДО. ДА ЈАС БЕВ ДЕЛ ОД ТАА ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА НЕ ПОТКЛЕКНА И КОЈА ОДЛУЧИ МАКЕДОНИЈА ДА ОДИ НАПРЕД. ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА ПРОДОЛЖИ ДА ВЕРУВА ВО МАКЕДОНИЈА.

ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ,    ДА ЖИВЕЕ КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!

ДА ЖИВЕЕ УСПЕШНА И ПОБЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА!!! ПОБЕДУВАМЕ!

21 ноември, 2016 - 14:02