Отворени над 160.000 нови работни места од 2006 година

Над 160 илјади нови работни  места се отворени од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт од 2006 година до денес што овозможи пад на невработеноста од 38 на 24 проценти. Намалувањето на невработеноста беше еден од главните фокуси во работата на ВМРО-ДПМНЕ и доколку се избегнеше барем политичката криза која ја создаде нашиот политички опонент бројката ќе беше уште поголема.

Она што е исто така значајно е што заклучно со овој резултат и оваа објава на намалување на невработеноста за 0,5 проценти во само еден квартал сега веќе невработеноста е 24 отсто. Беше некаде околу 38 проценти кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде Владата во 2006 година и бројот на новоотворени работни места е 160.000. Ќе потсетам дека пред некоку месеци ние имавме отчет пред граѓаните  којшто го одржавме во салата „Јане Сандански“. Во тој момент беше над 150.000 новоотворени работни места, сега е веќе над 160.000 или вкупно во државата има регистрирани 720.000 вработени, за разлика од 2006 кога влеговме во Владата кога беа некаде околу 560.000.  Тоа значи дека 160.000 луѓе повеќе се вработени отколку во 2006 година

3 декември, 2016 - 19:39