Македонија во првите 10 држави во светот и првите пет во Европа според Дуинг Бизнис

Рангирањето на Македонија во првите 10 држави во светот и првите пет во Европа според условите за водење бизнис во најновиот извештај на Светската банка Дуинг бизнис, како и последните статистички податоци за растот на индустриското производство.

Растот од 5,4 проценти на индустриското производство за периодот јануари-септември годинава, што го објави  Државниот завод за статистика, е одличен податок особено што се случува, како што рече, во време на политичка криза и во време кога нашите политички опоненти, двапати предивикуваа одложување на изборите.

На овој  начин се покажа дека дури и во вакви услови на политичка криза со максимален фокус на економијата можно е да се  задржи позитивна економска клима и да се продолжи да се дава поддршка на стопанските субјекти преку различни мерки, интервенции и чекори со коишто  се помогна на економијата, на стопанството, да може и во вакви  тешки услови да прави позитивни резултати и да има раст на индустриското произвдоство.

3 декември, 2016 - 19:46