УМС во Куманово:

Голем потенцијал на млади луѓе кои имаат јасна визија и желба за активно учество и учење

Младите се еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во програмите,  со кои се труди да го унапреди нивниот развој во повеќе области.

Дискусијата за потребите и проблемите на младите е еден од клучните моменти каде што со реална дискусија се прави чекор понапред за подобрување на стандардот на младите граѓани на современото општество.

За таа цел Унијата на Млади Сили од Општискиот Комитет Куманово вчера вечер, во Хотелот Лав организираше панел дискусија под Наслов МЛАДИТЕ ДИСКУТИРААТ, кадешто младите уште еднаш цврсто застанаа и кажаа да за напредок и просперитет, да за јасната мисија и визија на ВМРО-ДПМНЕ.

Од претходните средби праксата покажала дека младите во Куманово не се задоволни од кадрите кои раководат со Општината. За овие 12 години кај младите се креирало чувство на одалеченост и некомуникативност на надлежните од општината со младите. Во нив не гледаат луѓе кои би ги мотивирале да на било кој начин отпочнат или со поддршка учествуваат во подобрувањето на овој град од аспект на неформално образование, култура, музика, спорт, рече Марио Цветковски Претседател на УМС ОК Куманово.

Унијата на Млади Сили е на терен секогаш помеѓу младите, секој млад човек кој има јасна цел и мисија за унапредување на државата е добредојден и дел од овој тим. Доказ за тоа се многу кадри кои произлегле од УМС, а учестуваат во водење на државата на највисоко државно ниво.

 

17 февруари, 2017 - 14:15