Рангелова:

Граѓаните дадоа доверба на програмата „Реално“, ќе се изградат 100 нови градинки

Проектот за 100 нови градинки беше предвиден во „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните на предвремените парламентарни избори покажаа дека имаат доверба во програмата, потенцираше претседателката на Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Сакам да го поздравам проектот 100 нови градинки кој што беше предвиден во програмата реално на коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Факт е дека граѓаните дадоа доверба на програмата „Реално“, односно 455.000 граѓани веќе се изјаснија и гласаа за Коалицијата за подобра Македонија и за програмата Реално. Во оваа програма предвидени се како што веќе напоменав  изградба на нови 100 градинки и 40 градинки кои што ќе бидат смерстени во веќе постоечки капацитети кои што ќе бидат адаптирани за таа намена. Во изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано се залагаше за отворање на нови градинки кои што претставуваат и реална и нужна потреба за сите родители а и за дечиња кои што треба да посетуваат предучилишни установи.

Во моментот се сместени околу 36.000 деца, но за жал 5.500 родители чекаат да ги сместат своите децата во градинките, од тука се појави и реална потреба за отворање на нови градинки и заради тоа овој проект во кој ќе бидат отворени  нови 100 градинки и тоа на територијата на Република Македонија како во Скопје но и во руралните средини. Ќе се даде моност на мајките кој што се вклучени или кој сакаат да се вклучат во пазарот на трудот да си го решат проблемот за тоа кој ќе ги чува нивните дечиња. Со отварањето на новите градинки секако ќе се растерети просторот односно во групите ќе имаат помал број на дечиња што ќе биде многу добро за социјализација на децата и за воспитоно образовниот процес во предучилишната установа.

12 јануари, 2017 - 13:47