Миноски:

Економскиот раст досега е над владината проекција

Доколку се анализираат параметрите од првите три квартали, ние имаме континуирано стапки на раст коишто се движат некаде над 2,5 отсто. Во просек за првите три квартали, просечната вредност на економскиот раст е 2,7%, изјави денеска министерот за финансии Кирил Миноски.

Миноски потенцираше дека и покрај пречките, растот ја надминал владината проекција за овој период.

Доколку имаме предвид дека ревидираната проекција изнесуваше 2,3% раст на бруто општествениот производ, гледаме дека доаѓаме до еден раст којшто се наоѓа над тие проекции и покрај објективните пречки што ги имавме, рече Миноски.

27 декември, 2016 - 12:47