Зоран Ставревски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Лични податоци:
Име и презиме: 
м-р Зоран Ставрески
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 29.10.1964
Пол: Машки

Брачен статус: Женет, 1 дете

Работно искуство:

Влада на Република Македонија јули 2009
Заменик претседател на Влада и Министер за финансии

Влада на Република Македонија август 2006
Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски работи
Координатор на министерствата кои ја покриваат економската област: политики, проектни и реформски активности на Владата, вклучувајќи фискална политика, даночни реформи, регулаторна реформа, реформи во катастарот, промовирање на домашни и странски инвестиции, инфраструктурни инвестиции, земјоделска политика итн.
Водење дијалог помеѓу Владата и бизнис заедницата.
Водење преговори со меѓународните финансиски институции.
Координатор на економските критериуми за пристапување кон ЕУ.
Стратешки координатор на две компоненти на ИПА инструментот за претпристапна помош од Европската Комисија:регионален развој и развој на човечки ресурси.
Претседавач на Годишните собранија на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за 2008.

Светска банка февруари 2006
Водечки економист за развојни политики 

Одделение за Операциони политики и услуги за земјите членки(OperationalPolicyandCountryServicesUnits)

  • Преглед на развојните операции и политики на Светската Банка во сите региони, изработка на коментари и учество на регионалните оперативни комитети
  • Советодавна поддршка на раководителите на тимовите на проектите во земјите членки на СБ при дизајнирањето на развојните политики содржани во проектните документи за развојните кредитни операции на Банката
  • Преглед и изработка на коментари на доставените Стратегии за поддршка на земјите (Country Assistance Strategy) за сите региони на Банката, изработка на советодавни коментари за генерални стратешки прашања, дизајн, кредитни и некредитни програми, матрици во документите, итн.
  • Член на едиторскиот одбор и автор на еден текст во книгата - Буџетска поддршка

Светска банка септември 2005 Консултант
Одделение за Операциони политики иуслуги за земјите членки(Operational Policy and Country Services Units)

  • Ко-автор на истражувачки материјал за буџетската поддршка, презентиран како дел од материјалот – Преглед за условните политики и Банката
  • Ко-едитор на публикацијата за буџетска поддршка, базирана на материјалите презентирани на конференцијата одржана во Кејп Таун, Јужна Африка во мај 2005 година

Светска банка март-август 2005
Консултант

Одделение за Европа и Централна Азија за намалување на сиромаштијата и економски менаџмент

  • Истражување на јавните расходи во југо-источна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина , Србија, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија)
  • Автор на две поглавја во регионалната студија за Политиките на јавните расходи во југо-источна Европа

Светска банка 2001-2004 Советник на Извршниот директор во Холандската конституенца

  • Советник во Извршната канцеларија на Холандската конституенца за Република Македонија и Босна и Херцеговина. Комуникација со властите и тимовите на Светска банка за прашања од интерес на двете земји, формулација и имплементација на аранжманите
  • Советник на тимовите на Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) од 25 земји од франкофонска Африка. Комуникација со тимовите за проекти и прашања од интерес на земјите

Министерство за финансии на Република Македонија 2000 – 2001
Потсекретар

  • Координирање и управување на активностите во четири сектори на министерството: меѓународни финансии, макроекономска политика и анализа, финансиски сектор и даночна политика
  • Советник на министерот за финансии за макроекономската политика и структурните реформи
  • Активен учесник во изработката и спроведувањето на реформите во банкарскиот систем и финансискиот сектор
  • Координатор на реформите на платниот систем
  • Активен учесник во изработката и спроведувањето на проектот за воведување на данокот на додадена вредност
  • Координатор на Стратегијата за управување со јавниот долг
  • Член на Комитетот за реформи во јавната администрација
  • Член на тимот на Владата на Република Македонија за преговори со Меѓународниот монетарен фонд
  • Координатор на целосното портфолио на Светската банка за Република Македонија, вклучувајќи го и аранжманот за структурно прилагодување на финансискиот сектор(FESAL - Financial and Enterprise Sector Adjustment Loan) и аранжманотза управување на јавниот сектор (PSMAC - Public Sector Management Adjustment Credit)

Народна Банка на Република Македонија1997 – 2000
Директор на Дирекцијата за истражување

  • Координирање и управување на работата во Дирекцијата
  • Формулирање на монетарната политика во координација со останатите дирекции во Банката
  • Изработка на проекција на монетарната политика и нејзина имплементација
  • Едитор и изработувач на редовни и повремени публикации (Годишен извештај, квартални публикации и работни материјали)
  • Член на преговарачкиот тим на Централната банка за преговори со Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка 

Народна Банка на Република Македонија1993 - 1997
Дирекција за истражување - Истражувач
  

  • Член на тимот за изработка на Годишниот извештај и останати публикации на Централната банка
  • Дел од тимот за изработка на проекцијата на монетарната политика
  • Учесник во тимот за усогласување на монетарната статистика со меѓународните стандарди
  • Член на оперативниот тим на Централна Банка за преговори со Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Образование: : Магистер по Економски науки

  • Магистерски труд: Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти – случајот на Република Македонија; Универзитет ”Св.Кирил и Методиј“, Економски Факултет, Скопје, 1997
  • Дипломиран економист, 1987; Универзитет ”Св.Кирил и Методиј“, Економски Факултет, Скопје

Познавање на јазици
Англиски, одлично

КВАЛИФИКАЦИИ

Петнаесетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономската политика. Практично искуство во изработка и спроведување на економски политики и структурни реформи. Истражувачка и уредувачка работа на тема буџетска поддршка. Одлични аналитички и истражувачки способности.

Богато искуство во спроведување на дијалог со приватниот сектор и меѓународните финансиски институции и развојните организации (ММФ, Светска банка, Европска унија, ЕБОР, Совет на Европската развојна банка, УСАИД), вклучувајќи и експертиза во земјите во транзиција (Република Македонија, југо-источна Европа) и во меѓународните финансиски институции. Познавање на политиката и оперативните процедури на Светска Банка.