Владимир Пешевски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ - Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
 

Лични податоци:
Име и презиме: 
Владимир Пешевски
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 19.06.1970
Пол: Машки

Работно искуство:

2009 – 2011

  • Вицепремиер за економски прашања: Координирање на економските ресори и институции во Владата на Република Македонија, со посебен фокус на големите инфраструктурни проекти, привлекување и олеснување на работењето за големите странски и домашни инвеститори, подобрување на бизнис климата и креирање на економски политики за забрзан економски развој.

2005 – 2009

  • Генерален директор, SEAF South Balkan Fund,  и партнер Меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции во приватни компании на Балканот, и канцеларии во Холандија, Србија и Македонија. Главен инвестиционен советник при продажбата на неколку српски и косовски компании на странски инвеститори во вкупна пазарна вредност од околу 100 милиони евра.

2004-2007

  • Предавач на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на City College во Солун), по предметот Стратешки менаџмент.

2003 – 2006

  • Член на првиот избран состав на Американската стопанска комора во Македонија.Член на Националниот совет за конкурентност и претприемништво.

2001

  • Краткотраен советник на претседателот Борис Трајковски, во периодот по кризата во 2001 година, околу економски политики и мерки во областите зафатени од кризата

1998 – 2005

  • Генерален директор, SEAF Macedonia, Меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија. Директно и успешно водел преговори со неколку нови странски инвеститори кои понатаму во Македонија инвестирале преку 300 милиони евра. Учествувал и како советник на инвестициониот конзорциум, кој стана доминантен сопственик на Македонски Телеком.

1996 – 1998

  • Менаџмент консултант Советник за стратешки менаџмент и финансии во  Македонски деловен центар, проект на УСАИД. Соработувал и давал консултантски услуги на преку 50 македонски компании, со особен фокус на изработка на долгорочни деловни планови, инвестициони анализи и големи инвестициони одлуки.

1993 – 1996

  • Асистент  во Истражувачкиот центар за нови технологии при Македонска академија на науки и уметности. Научно истражувачка работа на проекти во областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина.

Образование:


2001

  • Магистер по деловна администрација, Универзитет од Шефилд, Англија (програма на City College во Солун), 2001 година.

1993

  • Дипломиран електротехнички инженер, Електротехнички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ -  Скопје.