Никола Димески

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Лични податоци:
Име и презиме: 
Никола Динески
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 1979, Прилеп
Пол: Машки

Работно искуство:

Во 2005 г. и 2006 г. работел и како менаџер на најстариот летен театар во САД, The Cape Playhouse. Паралелно од 2003-та до 2008-ма работел како менаџер за развој на студентски програми во компанијата GTCE. Од февруари 2008-ма е извршен директор и главен и одговорен уредник на локалната телевизија Канал Визија во Прилеп. Својата академска кариера ја започнува во 2008 г. на Економскиот факултет во Прилеп, каде во моментот го предава предметот Деловен англиски јазик. Исто така, од 2010 г. Директор е и на престижните магистерски МБА студии на Франклин Универзитетот од Охајо, САД во Република Македонија. Од април 2013 година е избран за Претседател на Советот на Општина Прилеп. Во периодот од јуни 2012 до септември 2016 година ја извршува функцијата Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, а од 2015 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

Образование:

Во 2001 г. станал дипломиран филолог по англиски јазик за да продолжи со магистерски студии, здобивајќи се со титула магистер по филолошки науки во 2006-та година. Од 2011-та е докторант на Факултетот за јазици, култури и комуникација на Универзитетот ЈИЕ. Кариерата како професор по англиски јазик ја започнал во ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп во 2003-та година, а во 2004-та г. бил и професор по англиски јазик на Работничкиот универзитет - Скопје. Наредната година заминува во САД каде до 2006-та година успешно реализира 18 месечна обука за Бизнис администрација и менаџмент.