Лука Кржалоски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Лични податоци:
Име и презиме: 
Лука Кржалоски
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 20.10.1992
Пол: Машки

Работно искуство:

Од 2015 година работи во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје. Активно го користи англискиот јазик.

Образование:

Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј‘‘ во Скопје,а  моментално е на магистерски студии исто така на Економскиот факултет при УКИМ, насока маркетинг. Во август 2012 година ја заврши летната школа за принципите на слободното општество, во Стокхолм, Кралството Шведска, а во ноември 2014 година заврши обука за претприемништво во организација на Центарот за менаџмент, консалтинг, образование и обука „Мотива“ во Скопје.