Коце Трајановски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Лични податоци:
Име и презиме:
Коце Трајановски
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: Роден е 1956 година
Пол: Машки

Брачен статус: Женет, татко на ќерка

Работно искуство:

·         Од 1981 - 1996 година работи во МЗТ ХЕПОС како раководител на компјутерскиот центар.

·         Во периодот 1996 - 1998 година ја основа и ја води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи, притоа ја затвора фирмата и се насочува кон политиката.

·         Во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО ДПМНЕ.

·         Во 2002 година е избран за пратеник на пропорционалната листа на ВМРО ДПМНЕ.

·         Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба каде со своите работни задачи и надлежности како градоначалник ја зајакнува локалната самоуправа и нејзиното раководење. 

·         Во април 2005 година е избран за градоначалник на општина Гази Баба на непосредни локални избори со мандат од четири години.

·         Во април 2009 година е избран за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.

·         На април 2013 година е избран за втор мандат за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.

·         Во 2009 година е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.

·         Во 2013 година повторно е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.

СЕГАШНА ПОЗИЦИЈА

·         Актуелен претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.

·         4 години е член на генерално собрание на мрежата на национални локални власти во југоисточна Европа - НАЛАС.

·         Член е на Комисијата за исполнување на критериуми за 2 фаза од фискална децентрализација.

·         Член е во Националниот комитет за Европска унија.

·         Член е на Националниот Совет за Рамномерен Регионален Развој.

·         Член е во Комитетот за урбана експанзија и справување со отпад.

Образование:

Дипломирал на Машински Факултет во родниот град 1980 година.