Кирил Миноски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кирил Миноски - министер за финансии

Лични податоци:
Име и презиме: 
Кирил Миноски
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 20.10.1971
Пол: Машки

Работно искуство:

  • ноември 2015 - јуни 2016 – директор на Управата за јавни приходи на Република Македонија;
  • мај 2014 - ноември 2015 – директор на Државниот пазарен инспекторат – Министерство за економија;
  • ноември 2013 - мај 2014 – директор на проектна единица, Проект за реконструкција и обнова на јавни здравствени установи во Република Македонија / Развојна банка на Советот на Европа / Министерство за здравство на Република Македонија;

Booz Allen Hamiton-консултантска компанија

  • 2010-2013 – менаџер на компонента за извоз – Проект за унапредување на инвестирањето и извозот на УСАИД;
  • 2006-2010 – менаџер на компонента за реформа на пазарот на трудот и пензиски реформи – Проект на УСАИД за унапредување на деловното опкружување;
  • 2002-2006 – менаџер за финансии и човечки ресурси – Проект за конкурентност / УСАИД;
  • 2000-2002 – заменик директор/директор – Македонски банкарски проект / УСАИД.

Образование:

  • 2005 година – Магистер по економски науки – Европски студии – Економски факултет Скопје, University Antwerp – Белгија, Staffordshire University – Велика Британија, University Bari – Италија;
  • Во моментот е докторант на економски науки – Економски факултет Скопје.