Гордана Јанкулоска

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на Комисија за политички систем

Кратка биографија 

Родена е на 12 Октомври 1975 година во Охрид.

Дипломирала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Правниот факултет во Скопје во 1999 година, магистрирала во 2003 година на University of Kent, Canterbury, Велика Британија на насоката меѓународно комерцијално право на Kent Law School. Во јули 2004 година Правниот факултет при Универзитетот во Кент и ја додели Наградата за посебни достигнувања во областа на правото. Во декември 2015 докторирала на Универзитетот Св.Климент Охридски, Факултет за безбедност со докторска дисертација на тема: “Современи методи во сузбивањето на транснационалниот економско финансиски криминал“.

Од Август 2006 до Мај 2015 била Министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, претседател на владината Комисија за човечки ресурси и одржлив развој и член на Комисијата за политички систем. Од 2000 до 2002 е вработена на повеќе различни позиции во Министерството за финансии меѓу кои и шеф на Кабинетот на министерот и државен советник. Од Ноември 1999 до  Септември 2000 учествува во Програмата за практиканти преку американскиот Национален Демократски Институт (НДИ) во Собранието на Република Македонија.  Во периодот од 1999 до 2000 и 2004 до 2006 работи како правник во приватниот сектор.

Од Септември 2004 е член е на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2013 и Претседател на комисија за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот Септември 2004 – јули 2006 ја извршува функцијата Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

За Министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија била именувана во 2006, 2008, 2011 и 2014.

На Парламентарните избори во 2006, 2008, 2011 и 2014 избрана е за пратеник во Собранието на Република Македонија.

На Локалните избори во 2005 година избрана е за Член на Советот на Град Скопје.

Од Ноември 2003 – Септември 2004 била Шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.