Антонијо Милошоски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Пратеник во Собранието на Република Македонија

Антонијо Милошоски - Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, Пратеник во Собранието на Република Македонија

Лични податоци:
Име и презиме: 
Антонијо Милошоски
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 29.01.1976
Пол: Машки

Работно искуство:

Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија.

Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995-97 година. Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антонио Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Од 2006 година е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 година изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи.

Образование:

Во 1994 година матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 - 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија.