fbpx

Лидија Петкоска

Лидија Петкоска - дипломиран менаџер за туризам и угостителство.  Од 2000 до 2015 година работи во приватен сектор (семеен бизнис – трговија на мало). Од 2015 до 2018 година работи во Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Во периодот од 2017 до 2020 година советник во Советот на општина Охрид, а од 2020 и денес пратеник во Собранието на Република Македонија.

Член и заменик на повеќе парламентарни комисии. Во периодот од 2011 до 2014 година потпретседателка на УЖ при ОК – Охрид.

Од 2014 до 2018 година - секретар на УЖ на ОК Охрид.  Од 2018 до 2020 година - претседателка на УЖ на ОК Охрид. Од 2016 до 2020 година - Координатор за работа со КИМ-ови за Охрид; Активно вклучена во сите активности на ОК Охрид како што се: координатор на избирачко место, регионален координатор, тим лидер на целни групи, член на ОИШ, одговорна за бројни активности, дел од тимот при центарот за аналитика. Од 2015 година и денес  член на ОК Охрид. Член и секретар на Централната комисија за економија, туризам и инвестиции. Член и дел од PR-тимот на централната Комисија за локална самоуправа. Автор на многубројни текстови и колумни. Говори англиски јазик.