fbpx

Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка

 

Соопштение до јавноста-реакција на прес конференција на Оливер Спасовски

Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка.

Економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо. Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош.

Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа.

Доколку нема суштинака помош за бизнисот ќе следи економска катаклизам со масовни отпуштања и затворања на фирми.

На здравствено поле. Лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10% од заразените да бидат лекари.

Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ