fbpx

Владо Мисајловски

Владо Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски на Република Македонија, функцијата ја извршува од 13 мај 2015 година до 1 јуни 2017 година. Мисајловски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2011 до 2013 година.
 
Мисајловски ги извршувал и функциите:
- Советник во кабинетот на претседателот на Собрание,
- Советник во Општина Центар,
- Државен секретар во Министерството за надворешни работи,
- Државен секретар во Министерството за транспорт и врски и
- Директор на ЈП Државни патишта.
 
Мисајловски во јануари 2018 година е назначен за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а на последните предвремени парламентарни избори 2020 година е и носител на Изборна единица 2.