fbpx

Статус на денот

Заев два месеци ги лаже тутунарите, тутунот стои неоткупен

 

Велат, само тие кои работеле тутун можат да знаат каква мака е.

2 месеци го гледаме Зоран Заев и надлежните како буквално ги лажат тутунарите водејќи ги кон ѕид, само за да им го откупат тутунот, речиси за без пари. Постојаното лажење и средбите со тутунарите на кои им се ветува сѐ, а потоа ништо не се реализира. Требаше да ги подели земјоделците, за локалните моќници на власта да печалат на маката на чесниот народ.

Додека домашниот тутун седи неоткупен, Владата минатата година дозволи увоз на тутун кој беше поскапо платен од домашниот.

Нема да дозволиме на потта на земјоделците да печалат локалните олигарси, по смена на власта ова ќе биде детално анализирано, не само од министерството за земјоделие туку и од истражните органи. Оваа земја се темели на работливиот народ.

Како човек, но и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ давам безрезервна поддршка на тутунарите.

Веднаш Владата да излезе со гарантирана откупна цена и дополнителна субвенција за земјоделците. Сѐ друго е уште една измама на Заев.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1762728073902644

Последни новости