fbpx

Статус на денот

Македонија изгубила 130 милиони евра од фондовите на ЕУ, затоа што владата не аплицирала за овие пари

 

Медиумите објавија дека Македонија загубила 130 милиони евра од фондовите на ЕУ, не затоа што ЕУ не ги дала парите, туку затоа што Владата и институциите кои ги менаџираат кадрите од владиното мнозинство не ни аплицирале за овие пари.

Овие пари државава можеше да ги искористи за градба на инфраструктурни капитални проекти, патишта, железничко поврзување и редица други зафати кои на економијата ќе и донесеа свежи пари во услови на рецесија, ќе задржеа работни места.

Овие пари ги нема во државава затоа што администрацијата која ја менаџира Заев е неспособна да ги искористи. А, како би биле способни кога главната дејност на Владата е криминал, лаги и продажба на идентитетот.

Владата по принципот "лежи лебу да те јадам" нема да стигне никаде. Впрочем и парите на картичките за поткуп ќе завршат, а што потоа? Потоа, се разбира истиот филм од владата, час лаги, час занимавање со опозицијата и хајки, час продажба на идентитет. На тој филм народот ќе му стави крај. Затоа што работите вријат!

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1753684328140352

Последни новости