fbpx

Статус на денот

Власта ги остави тутунарите на цедило

Фејсбук статус на Цветан Трупуновски, Претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ

Цела година зборувам за проблемите при откуп на тутун и огромните количини кои им останаа на тутунарите, но и проблемот што ќе следи оваа сезона. Алармирав за увоз кој се случуваше и дека тоа ќе биде проблем. Еве сега ги гледаме последиците – Катастрофална откупна цена од 130 до 145 денари. Никој сега не му помага на тутунарот. Молчат здруженијата, молчи Инспекторатот, молчи МЗШВ. Никој ама баш никој од надлежните нема решение.

Тутунарите се оставени сами да се снаоѓаат. Народот ќе пати буквално за леб, од продажната цена не можат да подмират ништо, а не пак да извадат некој денар за живеачка. Срам и арам да ви е. Додека вие делите бизниси и ја раскрчмувате државата народот пати.

Барам веднаш да се реагира и правилно да биде вреднуван трудот на тутунарите.

Откупната цена на тутунот мора да се зголеми.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1723285931162381

Последни новости