fbpx

Статус на денот

Власта и Царовска воопшто не се грижат за здравјето на учениците и вработените во образованието

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ
 
Почитувани,
Власта на СДСМ и министерката за образование и наука Мила Царовска воопшто не се грижат за здравјето на учениците и вработените во образованието.
Кај наставниците коишто држат онлајн настава од училиште се созадава револт затоа што парното е редуцирано или го нема и училниците се ладни и незатоплени. Канцелариите во одредени училишта се мали и затоа има и поголеми групирања, а во нив работат и по повеќе од двајца немајќи услови за оддалеченост повеќе од два метри.
Сè уште има училишта каде што нема никакви услови за одржување на онлајн настава, нема ниту електронски уреди, ниту интернет. Наставниците и учениците се снаоѓаат самите како што знаат и умеат.
Власта потребно е веднаш да обезбеди технолошки уреди за сите ученици и наставници кои немаат можност за одржување и следење онлајн настава, како и ваучери за ИТ опрема.
Со прес-конференции за заболени, оздравени и починати ни отиде возот по удолница без кочници.
Хаосот во образованието е сè повеќе очигледен, а власта и министерката Царовска не преземаат ништо за да ги решат проблемите.
 

Последни новости