fbpx

Статус на денот

Предлогот на Софија е Делчев да биде Македонец во регионална, а Бугарин во етничка смисла

Последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов за време на предвидената средба на 11-ти ноември во Бугарија би требало да се согласат дека околу дефиницијата дека “Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност е Бугарин роден во географската област Македонија”, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, повикувајќи се на дипломатски извори од МНР.

„Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други. Веројатно, ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија“, напиша Милошоски на фејсбук.

Последни новости