fbpx

Статус на денот

СДСМ наместо да бара проблем кај што го нема, да побара од Заев и Ангеловска да ги вратат парите што ги земаа нивните фирми од државата

 Соопштение до јавноста

Барањето за апанажа по завршувањето на мандатот како технички заменик министер во МЗШВ доаѓа откако СДСМ, Љупчо Николовски и Трајан Димковски ме избркаа од работа.

Јас сум жртва на реваншизмот на СДСМ затоа што јавно истапив и ги обелоденив нивните криминали.

Истата СДСМ која гледа проблем во моите приходи од апанажата која патем законски следува како лице кое потоа останува невработено, не гледа проблем што државната помош наместо за помош на фирми погодени од Ковид кризата завршуваат во џебовите на мафијата на власт. СДСМ треба да побара фирмата на Зоран Заев и фирмата на Нина Ангеловска кои земаа државна помош наместо други фирми да спасат работни места, да ја вратат во буџетот.

Еленица е фирма која изминативе години инкасирала милионски профити, за сега да бара државна помош. Тоа е ненаситноста на Заеви.

СДСМ и нивните функционери целосно ја злоупотребија позицијата за свој личен џеб.

Народот знае кој работи за државата, а кој на штета.

За сите штетни политики СДСМ ќе ја добие казната. Оваа мафија ќе падне, и тогаш Македонија ќе тргне напред.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1647673342056974

 

 

Последни новости