fbpx

Статус на денот

Муцунски: Наша континуирана цел, заложба и стратешки приоритет е интегрирањето на Македонија во Европската Унија

Со денешните соговоорници и мои колеги на трибината во Аеродром се согласивме дека без владеење на правото и ефикасна заштита на човековите слободи и права нема правна сигурност и нема правна држава со европски перспективи.
》Во делот обновата на правниот систем ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди нови систематски решенија и таканаречена „Rule of law Check list“, по европски терк преку која ќе биде проверувана имплементацијата на европските стандарди и вредности во сите нацрт и предлог закони.
》Сите уставни амандмани, предлози и нацрт-закони од правосудната област ќе бидат доставени на мислење до Венецијанската комисија.
》Наша континуирана цел, заложба и стратешки приоритет е интегрирањето на Македонија во Европската Унија. За да го оствариме ова ни се потребни визија, реформи, тимска работа и силна стручна поддршка. Пристапниот процес во Европската Унија е комплексна, долгорочна и сеопфатена процедура. За таа цел е неопходно истиот да се заснова на државна стратегија, прифатена со широк општествен консензус, кој ќе ги надмине меѓупартиските интереси, различни влијанија, пазарења и популизам и која ќе обезбеди долгорочно непроменлив курс во евроинтегративните процеси на Македонија.

https://www.facebook.com/TimcoMucunski/posts/1151454191886749

Последни новости