fbpx

Статус на денот

СДСМ повторно се фали за проекти во енергетиката, започнати од ВМРО-ДПМНЕ

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ПОВТОРНО СЕ ФАЛИ ЗА ПРОЕКТИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА, ЗАПОЧНАТИ ОД ВМРО-ДПМНЕ!

Повторно имаме пофалби за проекти во енергетиката од страна на АД МЕПСО. Повторно фотографирање и пресови за „сработеното“ во енергетиката. Сега за ПР маркетинг служи т.н. реконструкција на ТС 110/10 kV Валандово.
Но, забораваат дека јавноста не можат толку лесно да ја изманипулираат. Имено, се работи за проект започнат уште во времето на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За овој проект претходната Влада подготви тендер и обезбеди средства преку ЕБРД. Бидеќи се работи за реконструкција само на примарната опрема во трафостаницата , без ќелиите за приклучок на ветерната централа во Богданци, од посебна важност е да се истакне следното: за реконструкција за која се потребни само неколку месеци, на СДСМ им требаа три години само за да отпочнат со работа. Колку време навистина ќе им биде потребно за да ја завршат реконструкцијата во целост, не се знае! Иако се пофалија и се изнасликаа пред новата опрема во ТС Валандово, времето ќе покаже кога навистина овој проект ќе биде завршен во целост.
Вистинските инвестиции во енергетиката допрва доаѓаат!
Народот знае сето тоа да го препознае!
Обновата доаѓа!

https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/photos/a.119263073090519/134705321546294

 

Последни новости