fbpx

Соопштенија

Заради неспособноста на владата граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење

Заради неспособноста на владата граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење.

Владата не испреговара евтини цени за гасот кога тоа го правеа сите држави од регионот и светот.

Македонија плаќа најскапа топлинска енергија.

Хаварија е и во снабдувањето со струја. Во РЕК не се копаше јаглен и се донесовме во ситуација како држава среде зима да немаме резерви ниту за две недели, па мораше да се купува скап јаглен и скапа струја.

Неспособноста на владата резултира со поскапи сметки за парно и за струја за најмалку 1.500 денари по домаќинство.

Владата на СДСМ не може да ја извади државата од енергетска криза, потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. И нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за доброто на граѓаните.

Последни новости