fbpx

Соопштенија

Костадинов, како Заев и Ковачевски, наместо за народот и државата, кажа дека работи за лични и партиски интереси

 

 

СДСМ е партија која владее заради остварување на личните и партиските интереси, а не за интересите на Македонија и на народот. Тоа го признава и самиот потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов кој самиот изјави дека  „Се наоѓаме во период кога партиските интереси и кога личните интереси мора да се стават над државните интереси и навистина сум човек кој го протежира тоа“.

И дека не е ова само лапсус, туку потсвесно признание говорат фактите.

СДСМ заради бизнис интересите на фирмите врзани со партијата дозволи Македонија да западне во најтешка енергетска криза. Заради криминалот, корупцијата и личното богатење на функционерите во власта народот потона во сиромаштија и сме најкорумпирана држава, најсиромашната земја во Европа и сме најнесреќна нација. Заради провизии и бизниси на власта најлошо се справуваме со здравствената криза и сме црни рекордери по смртност во светот и Европа.

Признанието на Костадинов е само потврда на тоа кое што сите го знаат, дека СДСМ се водат исклучиво од личниот и партискиот интерес. Тоа го правеа и го прават Заев и пиунот Ковачевски,тоа го прават и останатите функционери на СДСМ. Тие се сметаат како елита која природно треба да владее на грбот на граѓаните.

Последни новости