fbpx

Соопштенија

Милошоски: Ковачевски ако сака да покаже ниво на политичка култура и демократија треба да излезе на избори, а не да го бираат дворјаните на СДСМ и ДУИ

„Ова за старо – новата Влада е смислување на ресори, на министерски места како да се задоволат поголем број од фракциите кои што очигледно постојат во СДСМ и секој во оваа ДООЕЛ Влада на СДСМ, ДУИ и Алтернатива да има акционер плус на некое место кое што може еве вака да има измислена надлежност“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Милошоски додаде дека дури и вицепремиерското место на Љупчо Николовски беше штетна шега на сметка на граѓаните. Па дури и кога Зоран Заев стана претседател на Советот за реформи во судството што е парадокс сам по себе. Токму овие два потези па дури и слични потези покажаа само колку Владата е паушална во своите постапки. Владата нема јасна цел, нема долгорочна визија, нема стратегија за ниедна област и се води од мотото – Купи ден, помини.

„Затоа мислам дека оваа Влада генерално, најголемиот проблем на оваа старо – нова Влада е што нема легитимитет. Европската вредност во секоја демократија е да имате легитимитет како Влада. Господинот Ковачевски нема зад себе ниту еден глас од гласач, од граѓанин кој што на избори го потврдил него или неговата програма“, појасни Милошоски.

Милошоски посочи дека оваа ситуација излегува како пратениците ги избрале граѓаните, а Ковачевски го избрале дворјаните односно елитата на СДСМ и ДУИ. Ако Ковачевски сака да покаже ниво на политичка култура и демократија треба да излезе на избори и врз основа на тоа ако ги добие изборите да направи еден чекор понапред и да отвори политички дијалог после тоа откако ќе биде легитимиран.

Во текот на емисијата Милошоски се осврна и на Никола Димитров и неговата прес конференција.

„Не е новина, ако јас кажам дека Никола Димитров го сметам за еден политички клиентелиста и еден камелеон кој што менувал дресови зависно од тоа кој каква функција ќе му понуди. Но, сепак без разлика на неговиот клиентелизам она што го кажа на прес конференцијата е сериозно. Зошто е сериозно? По два основи. Прво ние гледаме дека во самата Влада кохезијата која што привидно изгледала нормална од страна на гледачите, на конзументите, на гласачите, внатре не постоела. И не само што не постоела туку таа недоверба меѓу членовите на власта, меѓу министрите била прилично голема, и со таква недоверба кога работи една Влада, таа Влада не може да прави стратегии, цели и да носи успешни политики. Второ, се гледа дека власта имала меѓусебна солидарност се до моментот додека за секого има дел од колачот. Додека Димитров е министер, Бујар Османи е министер, Венко Филипче е министер, Заев е премиер, Радмила Шекеринска министер, Мила Царовска министер и дури тогаш тие меѓусебе се поддржуваат и не се напаѓаат, солидарни се, или барем не ги откриваат слабостите на самата Влада“, појасни Милошоски.

Милошоски посочи дека во моментов во Владата на СДСМ кога ќе нема дел од колачот тогаш се изнесуваат на виделина сите недостатоци како функционирала Владата.

„Жално е што господинот вицепремиер Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Зоран Заев и сите оние кои што 2018-та година се сликаа во владиното авионче со веста дека сме добиле историска одлука за почеток на преговорите до денес продолжуваат со истата манипулација. И ние реалните вести за спориот процес или нереализирањето на евроинтеграциите за жал мораме да ги слушнеме или од Париз или од Софија, или пак од Брисел, или од други места нашата Влада не е транспарентна“, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека оваа Влада не се справи ниту со корупцијата. За жал таа корупција од кога СДСМ е на власт е на енормно високо ниво. 

 

Последни новости