fbpx

Соопштенија

Дали ЈО ги штити и соработува со Весковски и Шилегов, на штета на истрагата?!

Дали ЈО ги штити и соработува со Весковски и Шилегов, на штета на истрагата?!

ВМРО-ДПМНЕ до ЈО поднесе обемна документација од која се гледа како Весковски и Шилегов местеле тендер од 300.000 евра.

Весковски и Шилегов првин ја ангажирале фирмата, таа ги завршила градежните работи, а дури 2 месеци откако завршила со работа распишале тендер за да ја исплатат.

Но тука Весковски и Шилегов не застануваат. На тендерот доколку се погледнат цените по ставки кои ги имаат впишано од фирмата за која е местен тендерот се доаѓаа до заклучок дека едни работи кои до вчера се плаќани по една цена, сега се два или три пати поскапо платени.

Така на пример геодетските работи, односно обележување на ров во 2017-та година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап.

Земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017-тата година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе.

Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе.

Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017-тата година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега.

Што се сменило од 2017 до сега, сите трошоци во градежништвото се на слично ниво, можеби има поместувања во 5 - 10%, но затоа цените се 2 - 3 пати поголеми.

Весковски и Шилегов се фатени во криминал. ЈО да не соработува со нив, туку да отвори случај.

ЈО има чист случај пред себе. Нивното не постапување отвора сомнеж дека се штити криминал. Воедно Финансиската полиција треба да реагира за вистински случај на криминал наместо да се занимава со штитење на криминал.

 

Последни новости