fbpx

Соопштенија

СДСМ не сакаше во Собрание да се расправа за несреќата во Тетово и затоа ја отвора темата со неработен ден недела

СДСМ манипулира со народот. Власта во текот на изминативе неколку дена прави се за да не се расправа за модуларната болница во Тетово, каде живот изгубија 14 наши сограѓани.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање за дополнување на дневен ред за расправа на комисијата за труд и социјална работа со барање за доставување на информации околу несреќата во Тетово. Претседателот на комисијата иако го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово.

Пратеничката група на СДСМ постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако ги исцрпи сите претходни механизми достави барање за формирање на анкетна комисија за случајот во Тетово.  

Враќање во јавноста на теми како неработен ден недела е се со цел јавноста да не дознае дека СДСМ сакаше да го угуши секој еден глас за несреќата во Тетово.

Власта може да го одбие и ова барање за анкетна комисија, но со тоа само ќе потврди дека народот не им е на прво место, туку голиот популизам.

 

Последни новости