fbpx

Соопштенија

Криминалците другарчиња на Заев на слобода, Маричиќ оставка веднаш

Рашковски наместо во притвор, на прошетки, има ли криминалец другарче на Заев што е во затвор?

Рашковски е фатен до гуша во криминал. Сите информации говорат дека инфлагранти местел тендери. Му беше фатена комуникација од која произлегува дека прикрива докази, а тој наместо во притвор или затвор се шета на слобода. Ваков третман немаат други притвореници, само притворените луѓе на Заев, кои очигледно не се знае ниту дали се во притвор.

Дома наместо во затвор е и Катица Јанева, а низ државата дивее и осудениот за рекет.

Наместо во притвор во домашен е и поранешниот командир на полициската станица во Прилеп кој беше фатен заедно со шоферот на Заеви како шверцува дрога.

На слобода е и шверцерот Боро Марлборо, а од затвор на редовна линија им бегаат затвореници.

Ден Дончев кој беше фатен со туце пари отиде во Австралија, а одговорност нема за ниту еден криминалец.

На народот му е преку глава од криминалците на Заев, одговорност мора да има за сите. Наскоро сите криминалци ќе се соочат со правдата, а тогаш и Заев ќе одговара кој и зошто ги пуштал на слобода.

Последни новости