fbpx

Соопштенија

Наместо да се фатат за работа и да им помогнат на семејствата на починатите СДСМ плука по опозицијата

Соопштение до јавностареакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

Патетични се прес конференциите на СДСМ, наместо да работат и да им помагаат на луѓето, за што се задолжени како власт, цел државен апарат е ставен во функција на црна кампања против ВМРО-ДПМНЕ.

Власта е толку зафатена со плукање по опозицијата што не сака ниту да им излезе во пресрет на семејствата на починатите во страотниот пожар во тетовската болница.

И Хасани и Филипче се кријат и не даваат оставки, до пред два дена се криеше и Заев, за сега да излезе и со изливи на фрустрација пред камери да го покаже вистинското лице дека всушност најважна му е фотелјата.

6 дена по трагедијата власта не излезе ниту со основни информации за настанот. Уште од сега се гледа дека истрагата со партиски обвинители ќе ја влечат. 

За разлика од сега СДСМ во 2015, а меѓу нив и Марјан Забрчанец бараа оставки со протести. Сега И СДСМ и Забрчанец молчат. И не само што молчат туку и не им помогнаа ништо на семејствата на починатите.

 

Последни новости