fbpx

Соопштенија

Не може премиерот да биде морален суд и да одлучува за оставките на Филипче и Хасани

„Ние сметаме дека ова е една ургентна ситуација во која што понудените, дадените од министерот и заменикот министер за здравство не треба да бидат предмет на оценување. Во Македонија нема премиер, или институција, или агенција која што треба да биде морален суд. Тие оставки треба да бидат веднаш доставени до Собранието и без расправа да бидат констатирани“, нагласи Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „200“ на АлсатМ.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета со потегот во Собранието ќе се изврши дополнителен притисок во позитивна смисла, оставките на министерот и заменикот министерот да бидат констатирани.

„Ние дадовме две опции, едната опција е собраниското мнозинство да ја прифати оваа точка на Дневен ред и да се констатираат оставките не министерот Венко Филипче и неговиот заменик господинот Хасани, кој што бвидовме дека се врати на неговото работно место. И втората опција бидејќи претседателот на Собранието Џафери кажа дека не зависи од него туку зависи од премиерот, побаравме еден час пауза бидејќи Владата не е далеку од Собранието и еден курир може да ги донесе двете оставки до Собранието и да ги констатираме во текот на денот“, рече Милошоски.

Миошоски посочи дека ова ВМРО-ДПМНЕ го прави бидејќи смета дека цела година се има погрешни одлуки, а немилата несреќа која што се случи во Тетово беше само екслација на неспособноста и неодговорноста на власта. А, втора работа бидејќи ова ВМРО-ДПМНЕ го прави е за тоа што во една институција како министерството за здравство не може да остане без раководител бидејќи и министерот и заменик министерот поднесоа нели оставки.

„Прво, моето мислење е дека здравството, образованието, па дури и сите други сектори се дел од политиката, тие не се надвор од политиката. Второ, власта е глува кога има навремени критики. Вратете се наназад една година и вие ќе ги видите критиките кои што беа давани од опозицијата дека се сомневаме во начинот на кој што се изградени и дадени во употреба модуларните болници. Дека дел од нив се сомневавме дека се дел од некоја бизнис групација поврзана со еден поранешен вицепремиер во власта и министерот за здравство и дека се предадени во употреба без технички прием. Но, тогаш Владата обвинуваше дека опозицијата измислува лажни вести“, нагласи Милошоски.

Милошоски потсети дека Македонија со оваа власт станува земја на лоши вести, на лош менаџмент. Македонија во регионот и пошироко е на прво место по број на починати лица од КОВИД-19. И за жал Македонија е меѓу ретките држави каде што системот изгледа не функционира добро и се случуваат вакви катастрофални трагедии.

Последни новости