fbpx

Соопштенија

Муцунски: Петтиот пакет на мерки е недоволен, власта заради тоа што насила туркаше попис задоцни со економските и здравствените мерки

Иако приоритет е петтиот пакет на мерки, ние како ВМРО-ДПМНЕ нагласуваме дека тој пакет е недоволен и треба да се дополнуваа особено заради овие задоцнети рестриктивни мерки, бидејќи е од особено значење за компаниите и граѓаните. Затоа ние од 16 февруари откако го пуштија во Собрание апелираме на побрзо донесување, но власта до средина на март го чуваше во собраниските фиоки, изјави во „Студио 10“ на ТВ24 пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Тој истакна дека дента кога се донесоа рестриктивните мерки владата требаше да го дополни петтиот пакет на мерки, за вработените во угостителството, туризмот и сите други сектори кои се најсилно погодени, бидејќи граѓаните се разочарани.
- Како партија поддржуваме и здравствени и економски мерки, но потенцираме дека тие се задоцнети и недоволни. Ние покажуваме конструктивност и одговорност и даваме поддршка, но загрижени сме затоа што експертите уште пред неколку месеци сугерираа да се носат мерки, но на власта фокус и беше пописот кој сега се одложи. Примарната причина која беше разумен чекор кон одложување на пописот беше здравствениот аспект иако власта до пред десетина дена власта кажуваше дека мора да има попис и по секоја цена во април, потенцира Муцунски.
Муцунски нагласи дека сега покажаа оправдани причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ бараше одложување на пописот, но и измени во методологијата. Гледаме дека и до власта допре реалноста за страшната епидемиолошка состојба и дека не треба граѓаните да се стават во ризик, и додека дека се уште има време да се промени методологијата.
- Ние имаме принципиелни забелешки поврзани со методологијата, одредени аспекти не се усогласени ни со ЕУРОСТАТ ни со стандардите на Обединетите нации и во таа насока очекуваме да дојдеме до прифатливо решение за да може да биде легитимен и статистичка операција. Целта на пописот по меѓународните стандарди е да се попише резидентното население, а не нерезидентното, како и одредени аспекти во прашалниците, рече Муцунски.
Во однос на стекнувањето на државјанство Муцунски посочи дека мора да се почитуваат меѓународните стандарди и тоа не смее да биде преку тројца сведоци. 

Последни новости