fbpx

Соопштенија

Честитка по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Почитувани припадници на ромската етничка заедница,

Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.

Сите граѓани на Република Македонија заслужуваат подобар живот и сигурна иднина.Ромите денес ја немаат потребната поддршка од државата, напротив тие како и сите други граѓани го живеат ова тешко секојдневие на сиромаштија, нееднаквост и разградување на институциите.

Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет и во иднина за ВМРО-ДПМНЕ. Т

окму на тој начин ќе овозможиме унапредување на општествениот статус на Ромите во државата кои се нераскинлив дел од нејзиното минато, сегашност и иднина.

Oд мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека Ви е честит 8-ми Април - Меѓународниот ден на Ромите!

 

 

Со почит,

Проф. д-р Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости