fbpx

Соопштенија

Николоски: Спасовски и СДСМ пласираат лажни вести, единствениот контакт на Мицкоски со вмешан во аферата „Мафија“ беше со Зоран Заев на лидерската средба за која сите знаете

На денешната прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос на обвинувањата на министерот Оливер Спасовски кој обвини за наводни контакти на лидерот Христијан Мицкоски со некој од приведените во вчерашната акција истакна дека СДСМ изминатиот период пласира лажни вести со цел да ја дефокусира јавноста а единстверн контакт на претседателот Христијан Мицкоски изминатиот период е со Зоран Заев на лидерската среда.

„Ова се смешни работи,СДСМ неколку дена со ред пласира целосни лажни вести класичен фејк њуз, ги растура пердувите со цел да на тој начин ја скрие сопствената одговорност мислејќи дека ќе ја дефокусира јавноста единствен со кого претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имал контакт изминатиов период а кој што можеби е поврзан со овие работи е Зоран Заев, ако Оливер Спасовски мисли на Зоран Заев да имаа контакт видовме сите имаше лидерска средба,“ нагласи Николоски.

 

Последни новости