fbpx

Соопштенија

Мрзливиот Шилегов бидејќи нема сработено ништо за 4 години  оди по патронати на училишта и се фали со сменети клупи и лед светилки по училниците

Соопштение до јавност - Реакција на изјавата на Шилегов дадена при посета на средното медицинско училиште Д-р Панче Караѓозов 

Почитувани,

Мрзливиот градоначалник Петре Шилегов после 4 години мандат, бидејќи нема сработено буквално ништо, оди по патронати на училишта и се фали со сменети клупи и лед светилки во училниците. За 4 години ниту започна ниту направи ниту започна барем еден круцијален капитален објект во градот.

За сметка на ова мрзливиот градоначалник Петре Шилегов вети и излажа нов објект на средното угостителско училиште Лазар Танев и средното училиште гимназијата Кочо Рацин, тамо по 4 години мандат Шилегов нема заковано шајка, а не пак да има нов објект.

Што се однесува до урбанистичките планови во Железара и скопска Гази Баба мрзливиот Шилегов не може да се амнестира бидејќи тој како градоначалник на град Скопје е патрон на сите општини, дополнително што и  градоначалникот на Гази Баба доаѓа токму од истата партија каде Шилегов е член на Извршниот одбор. Оттука добро е да одговори колку пати мрзливиот Шилегов кренал телефон да се информира или да го запре труењето и дивеењето во Гази Баба предвидено со новите урбанистички планови?

Воедно крајно скандалозно е што ги обвини и го стави товарот на граѓаните за создавање на депонии, а целосно ги амнестира градските служби кои не мрднуваат со прст истите да ги санираат. Впрочем мрзливиот Шилегов е покровител на најголемата градска депонија Вардариште каде без план и валидна документација е создадена дива депонија токму од градското комунално претпријатие. Аман мрзлив Петре, премногу е лажење.

Последни новости