fbpx

Соопштенија

Наместо Васев да дава празни изјави, нека се запознае што Заев денес побара

 Соопштение до јавноста - реакција на изјавата нa Стефан Васев

 

 Очигледно е дека Васев не е запознаен со последната изјава на неговиот шеф.

  Го советуваме Васев да прочита по медиумите што неговиот шеф Зоран Заев бара.

  Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада.

  Заев денес потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија.

  Наместо Васев да дава празни изјави и да обвинува, нека погледне во неговата партија што се случува, а потоа да говори.

  А, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости